Промовирани огласи »

Синдикалната минимална кошница за август изнесува близу 69.000 денари

Во споредба со јули, минималната кошница во август е зголемена за 177 денари.

Само за основните месечни потреби на едно домаќинство се потребни 68.675 денари, а ако семејството плаќа кирија за стан од 60 квадратни метри, трошокот достигнува 84.050 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, покажуваат податоците за структурата на трошоците на едно домаќинство. Во споредба со јули, кога минималната кошница изнесувала 68.498 денари, во август е зголемена за 177 денари.

Според пресметките на ССМ, уште поголем е товарот за домаќинствата кои живеат под кирија. Со пресметан трошок за изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималната кошница достигнува 84.050 денари месечно, односно за 15.375 денари повеќе од основната вредност на кошницата.

Најголем дел од минималните месечни расходи отпаѓаат на храна и пијалаци. За оваа ставка се потребни 25.032 денари, што претставува 36,4 отсто од вкупната вредност на кошницата.

Следна по удел е ставката образование, со 7.192 денари, односно 10,5 отсто од вкупните трошоци. За облека и обувки се предвидени 6.511 денари или 9,5 отсто, додека за рекреација и култура се потребни 5.592 денари, односно 8,1 отсто.

За транспорт едно домаќинство месечно треба да издвои 5.175 денари, што учествува со 7,5 отсто во минималната кошница. За ресторани и хотели се пресметани 4.131 денар, односно 6 отсто.

Трошоците за комуникации во август се пресметани на 3.677 денари, што е 5,4 отсто од кошницата.

За лична хигиена и одржување на хигиената во домот се потребни 2.692 денари или 3,9 отсто, додека за здравје се издвојуваат 1.196 денари, односно 1,7 отсто.

Најмал удел има ставката останати стоки и услуги, за која се предвидени 1.100 денари или 1,6 отсто од вкупната кошница.

Посебно се издвојуваат трошоците за домување. Во основната синдикална минимална кошница за станарина, вода, електрична енергија и греење се пресметани 6.379 денари, односно 9,3 отсто од вкупниот износ.

Но, кога во пресметката се додава изнајмен стан од 60 квадратни метри, трошокот за оваа ставка достигнува 21.754 денари.

Со тоа, вкупната синдикална минимална кошница за домаќинство кое живее под кирија се искачува на 84.050 денари месечно.

Тагови: минимална кошница Сојуз на синдикатите (ССМ)

Промовирани огласи »

Најди работа во Охрид!

Нови кариерни можности во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Оператор во производство - Охрид
Асистент за продажба и грижа за миленици - Охрид
Возачи - Охрид и Струга
Фармацевтски техничар со уверение - Охрид
Хигиеничар/ка - Охрид

Сите останати работни позиции од Охрид ќе ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Скопје!

Промовирани огласи »

Рекордна наплата на патарини: Над 31 милион евра инкасирани за првите пет месеци

Патарините во земјава бележат рекорден раст, со над 31 милион евра приходи до јуни. Електронската наплата сè повеќе се користи, а ЈПДП најавува и можни нови модели за наплата.

Од почетокот на годинава заклучно со јуни, од наплата на патарини во државава се инкасирани рекордни 1.919.775.277 денари, односно над 31 милион евра, соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта. Во споредба со истиот период лани, приходите се повисоки за 21.891.532 денари, што укажува на раст на сообраќајот и поефикасна наплата.

Најфреквентна наплатна станица е Тетово, по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово и Миладиновци. Сепак, според висината на собраните средства, најголем приход е остварен на Романовце, пред Миладиновци и Петровец. Од ЈПДП велат дека во периоди на зголемен сообраќај, особено во летната сезона, во функција се ставаат сите расположливи ленти, со посебен приоритет на електронската наплата преку MTag и MCard.

Електронската наплата учествува со 36 проценти во вкупниот промет на 11 наплатни станици каде што е воведена, а нејзината употреба е зголемена за дополнителни 6 проценти, особено откако м-таг уредите почнаа да се продаваат и преку „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“. Од претпријатието најавуваат дека се разгледува и воведување затворен систем за наплата според изминати километри, по примерот на Србија, а за таа цел веќе се подготвува студија за Коридорот 8.

Тагови: MCard MTAG патарини

Промовирани огласи »

Хаос на Табановце по стартот на „Безбеден град“:Србите револтирани од глобите на „Безбеден град“, Македонците им порачуваат - „Одете си преку Бугарија!“

Новиот систем за казнување и на странски возила предизвика долг метеж на Табановце и лавина реакции на социјалните мрежи, каде се судрија ставовите на српските туристи и македонските граѓани.

Табановце денеска беше во знакот на долги колони, нервоза и жестоки расправии, откако системот „Безбеден град“ почна да се применува и за возила со странски регистарски таблички. На излез од државата, на дел од возачите им биле врачувани прекршочни налози за претходно евидентирани сообраќајни прекршоци, што предизвика повеќечасовни чекања и дополнителен метеж на граничниот премин.

Ситуацијата брзо се префрли и на социјалните мрежи и туристичките групи, каде следуваа остри препукувања меѓу српски туристи и македонски корисници. Дел од српските патници реагираа дека организацијата е хаотична и порачаа дека во иднина ќе патуваат преку Бугарија, додека од македонска страна им беше возвратено дека правилата важат за сите и дека казните за брзо возење мора да се платат. Имаше и помирливи гласови, според кои ограничувањата и санкциите треба да се почитуваат без разлика во која држава се патува.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека метежот е последица на првиот ден од примената на новиот механизам, кој ги опфаќа и претходно регистрираните прекршоци. Според МВР, на возачите кај кои системот евидентирал прекршок им се издава записник со прекршочен платен налог, а целта е неселективно и еднакво санкционирање на домашни и странски возила. Надлежните најавуваат мерки за побрза процедура на премините, како и постепено проширување на контролата и на другите гранични точки во земјата.

Тагови: казни Сејф сити - Безбеден град Србија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »