Промовирани огласи »

Рекордна наплата на патарини: Над 31 милион евра инкасирани за првите пет месеци

Патарините во земјава бележат рекорден раст, со над 31 милион евра приходи до јуни. Електронската наплата сè повеќе се користи, а ЈПДП најавува и можни нови модели за наплата.

Од почетокот на годинава заклучно со јуни, од наплата на патарини во државава се инкасирани рекордни 1.919.775.277 денари, односно над 31 милион евра, соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта. Во споредба со истиот период лани, приходите се повисоки за 21.891.532 денари, што укажува на раст на сообраќајот и поефикасна наплата.

Најфреквентна наплатна станица е Тетово, по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово и Миладиновци. Сепак, според висината на собраните средства, најголем приход е остварен на Романовце, пред Миладиновци и Петровец. Од ЈПДП велат дека во периоди на зголемен сообраќај, особено во летната сезона, во функција се ставаат сите расположливи ленти, со посебен приоритет на електронската наплата преку MTag и MCard.

Електронската наплата учествува со 36 проценти во вкупниот промет на 11 наплатни станици каде што е воведена, а нејзината употреба е зголемена за дополнителни 6 проценти, особено откако м-таг уредите почнаа да се продаваат и преку „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“. Од претпријатието најавуваат дека се разгледува и воведување затворен систем за наплата според изминати километри, по примерот на Србија, а за таа цел веќе се подготвува студија за Коридорот 8.

Тагови: MCard MTAG патарини

Промовирани огласи »

Хаос на Табановце по стартот на „Безбеден град“:Србите револтирани од глобите на „Безбеден град“, Македонците им порачуваат - „Одете си преку Бугарија!“

Новиот систем за казнување и на странски возила предизвика долг метеж на Табановце и лавина реакции на социјалните мрежи, каде се судрија ставовите на српските туристи и македонските граѓани.

Табановце денеска беше во знакот на долги колони, нервоза и жестоки расправии, откако системот „Безбеден град“ почна да се применува и за возила со странски регистарски таблички. На излез од државата, на дел од возачите им биле врачувани прекршочни налози за претходно евидентирани сообраќајни прекршоци, што предизвика повеќечасовни чекања и дополнителен метеж на граничниот премин.

Ситуацијата брзо се префрли и на социјалните мрежи и туристичките групи, каде следуваа остри препукувања меѓу српски туристи и македонски корисници. Дел од српските патници реагираа дека организацијата е хаотична и порачаа дека во иднина ќе патуваат преку Бугарија, додека од македонска страна им беше возвратено дека правилата важат за сите и дека казните за брзо возење мора да се платат. Имаше и помирливи гласови, според кои ограничувањата и санкциите треба да се почитуваат без разлика во која држава се патува.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека метежот е последица на првиот ден од примената на новиот механизам, кој ги опфаќа и претходно регистрираните прекршоци. Според МВР, на возачите кај кои системот евидентирал прекршок им се издава записник со прекршочен платен налог, а целта е неселективно и еднакво санкционирање на домашни и странски возила. Надлежните најавуваат мерки за побрза процедура на премините, како и постепено проширување на контролата и на другите гранични точки во земјата.

Тагови: казни Сејф сити - Безбеден град Србија

Промовирани огласи »

Зошто времето поминува побрзо како што старееме?

Одговорот е поинтересен отколку што мислите.

„Како веќе е август?“ „Каде ми помина цела година?“ „До вчера беше јануари, а еве веќе наближува септември.“ Ова се реченици што веројатно сме ги кажале барем еднаш. Но, зошто како што старееме имаме чувство дека времето сè побрзо ни „бега“?

Времето, секако, не се движи побрзо. Она што се менува е начинот на кој нашиот мозок го доживува и го памети времето. Едно од главните објаснувања е дека со возраста животот станува порутински. Работата, патувањето до работа, обврските, купувањето, домашните задачи и секојдневните навики се повторуваат. Кога деновите се слични еден на друг, мозокот има помалку нови детали што треба да ги запамети, па кога ќе погледнеме наназад, периодот ни изгледа пократок.

Замислете го првото патување на некое место. Сè е ново улиците, луѓето, мирисите, храната, звуците. Во текот на неколку дена создавате огромен број нови спомени и подоцна имате чувство дека сте биле таму многу подолго. За разлика од тоа, една обична недела исполнета со исти обврски може да исчезне во сеќавањето како еден единствен момент. Новите и необични искуства привлекуваат повеќе внимание и оставаат подетални спомени, поради што периодот подоцна може да ни изгледа „подолг“.

Постои и уште едно интересно објаснување: една година претставува многу поголем дел од животот кога сме деца отколку кога сме возрасни. За петгодишно дете, една година е 20% од целиот живот. За 50-годишен човек, истата година е само 2%. Ова е еден од начините на кои истото времетраење субјективно може да изгледа различно во различни периоди од животот.

Но, не значи дека времето секогаш мора да ни „бега“. Истражувањата за перцепцијата на времето покажуваат дека новитетот, вниманието и интересните искуства можат да влијаат врз тоа како го доживуваме времето. Ново хоби, патување, учење нешто непознато, запознавање нови луѓе или едноставно промена на секојдневната рутина создаваат повеќе различни спомени, наместо деновите да се спојуваат во една голема рутина.

Затоа, можеби проблемот не е во тоа што времето поминува побрзо, туку во тоа што понекогаш премногу од деновите ни личат еден на друг. Календарот продолжува да оди со исто темпо, но нашиот ум не ги памети сите денови подеднакво.

А можеби токму затоа најдобриот начин да имаме чувство дека годината траела подолго не е да се обидуваме да го „запреме“ времето, туку да направиме повеќе моменти што вреди да ги запомниме.

Тагови: навики патување работен час стареење

Промовирани огласи »

Нови кариерни можности во Лион Доо Свети Николе!

Лион Доо Свети Николе ваботува!

Од Свети Николе до пазарите во регионот и Европа – ЛИОН повеќе од 25 години создава кондиторски производи препознатливи по квалитетот и вкусот.

Основана во 1998 година, компанијата денес е дел од прехранбената индустрија и континуирано инвестира во развој, иновации и своите вработени. Со тим од околу 200 професионалци, ЛИОН гради работна средина во која се ценат тимската работа, одговорноста, иницијативноста и професионалниот развој.

Во моментов ЛИОН ДОО Свети Николе има отворени позиции:

Референт за продажба
Референт за набавка
Специјалист за електро-машинско оддржување (Мајстор)

За кандидатите ЛИОН нуди конкурентни услови, можности за професионален развој и средина во која трудот и способностите се препознаваат.

Доколку барате нов професионален предизвик и сакате да станете дел од тимот на ЛИОН, погледнете ги деталите за позициите и аплицирајте преку KARIERA.mk.

Тагови: ЛИОН ДОО Свети Николе

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »