Промовирани огласи »

ЕУ бара поголема транспарентност на платите: Дали Македонија е подготвена за исти правила?

Новите европски правила отвораат важно прашање и за македонскиот пазар на труд: Дали работниците конечно треба однапред да знаат колку вреди нивната работа?

Европската Унија воведува нови правила за транспарентност на платите, со кои работодавците ќе треба појасно да ги откриваат платните распони и евентуалните разлики во примањата меѓу мажи и жени за иста работа. Додека во Македонија во огласите и натаму најчесто стојат формулации како „редовна плата“ и „одлични услови“, без конкретна сума, експертите предупредуваат дека ваквата практика го става работникот во нерамноправна позиција уште пред почетокот на преговорите.

Економистите оценуваат дека поголемата отвореност не е „европска мода“, туку неопходност и за домашниот пазар на труд. Според нив, јасно наведениот распон на плата во огласите, како и правото работникот да побара информација дали е платен во рамки на просекот за својата позиција, може да помогне во намалување на неправдите, манипулациите и договорите зад затворени врати. Особено значајно, велат познавачите, тоа би било за младите и за жените, кои полесно би можеле да проценат дали условите се фер.

Сепак, работодавците предупредуваат дека новите обврски би можеле да бидат товар, особено за малите фирми и семејните бизниси. Затоа, како најреален модел се споменува постепено воведување — најпрво кај големите компании и јавниот сектор, а потоа со поедноставени правила и кај помалите работодавци. Пораката од експертите е јасна: Македонија не мора слепо да ја копира ЕУ, но платата не смее да остане тајна, бидејќи таа е основен договор меѓу работникот и работодавачот.

Тагови: ЕУ Македонија плата работници

Промовирани огласи »

Собранието усвои построг закон за коцкање: Казината 500 метри подалеку од училиштата, ГПС на секој апарат

Нови строги правила за секторот на игрите на среќа: казина и автомат клубови подалеку од училиштата, забрани за рекламирање и задолжителен ГПС-надзор на секој апарат.

Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој се воведуваат значително построги правила за работа на казината, автомат клубовите и приредувачите на електронски игри на среќа. Според новите одредби, овие објекти ќе можат да работат само ако се наоѓаат на најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Обложувалниците се изземени од ова правило, но во нивните уплатно-исплатни места во близина на училишта нема да смее да има видеолотариски терминали и терминали за електронски игри на среќа.

Законот предвидува и строги ограничувања за рекламирањето, со забрана коцкањето да се прикажува како пат до финансиски успех, решавање економски проблеми или општествен престиж. Не ќе биде дозволено ниту користење познати личности во реклами што асоцираат дека нивниот успех е поврзан со игрите на среќа. Една од клучните новини е и обврската секој автомат и видеолотариски терминал да има ГПС-уред поврзан со Управата за јавни приходи, со цел постојан надзор и спречување нелегално поставување.

Со измените се укинува можноста една лиценца да важи за повеќе деловни простории, а операторите ќе плаќаат посебни надоместоци за секој нов објект и ќе мора да обезбедат повисоки банкарски гаранции. Во законот се вградени и препораките на MONEYVAL за посилна контрола против перење пари и финансирање тероризам. Сепак, мерките предизвикаа реакции во индустријата, од каде предупредуваат дека затворање на легални објекти може да остави без работа околу 10.000 луѓе и да поттикне раст на сивата економија.

Тагови: казино собрание училиште ГПС

Промовирани огласи »

Какви временски услови се очекуваат денес?

Нова метео најава за Македонија.

Променливо облачно време со пониски дневни температури и повремени врнежи од дожд. На одделни места врнежите ќе бидат поинтензивни, проследени со грмежи, засилен ветер и можност за изолирана појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дожд. Повардарието повремено ќе достигнува и поголема брзина од 60 km/h.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со услови за повремен дожд во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во одредени делови од котлината повремено ќе биде и силен.

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Помошник раководител на сектор за инвестиции, нови градби, тековно одржување и комунални трошоци

Самостоен референт за издавање на канцелариски материјали, Одделение за сметководство и плаќања, Сектор за финансиско - сметководствено работење

Советник за општи и нормативно правни работи - Секретар, Одделение за нормативно - правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба

Помлад соработник за правни и општи работи, Одделение за стручно административни и општи работи, Административно стручна служба

Помлад соработник за канцелариско и архивско работење, Одделение за архивско и канцелариско работење, Сектор за нормативно - правни и архивски работи

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »