Промовирани огласи »

Магдалена Крстеска: Од студентка на ФИНКИ до креатор на уникатни чанти од монистра

Зад секоја Marmió чанта стојат часови работа, посветеност и многу љубов

За почеток, претставете ни се. Кој стои зад Marmió и како започна вашата приказна?

Зад брендот Marmió стојам јас, Магдалена Крстеска. Моментално сум прикрај со студиите на ФИНКИ, а по природа сум исклучително љубопитна, креативна и амбициозна личност која секогаш сака да учи нови работи и да ги тестира сопствените граници. Иако мојата струка е насочена кон технологијата и аналитичкото размислување, желбата да започнам и да создадам нешто свое, уникатно, тлееше во мене уште многу одамна.

Всушност, со мојата другарка подолго време зборувавме и ја разработувавме идејата, но сè започна и официјално на едно вечерно кафе. Тогаш, понесени од адреналинот и креативната енергија, решивме дека е време за акција уште истата вечер го смисливме името, ги дефиниравме првите детали и отворивме страница на социјалните мрежи. На почетокот ја градевме оваа приказна заедно како тим, но со тек на време, од оправдани причини, патиштата во бизнисот ни се раздвоија. Тогаш решив да продолжам сама, преземајќи го целиот бренд во свои раце со уште поголем мотив, визија и посветеност.

Дали отсекогаш сте биле креативна личност или оваа љубов се разви со текот на времето?

Можам слободно да кажам дека отсекогаш сум била креативна личност. Дури и пред да се роди Marmió, секогаш наоѓав начин да ја изразам таа моја креативна страна, без разлика дали преку хобија или преку деталите во секојдневието.

Како се роди идејата за изработка на чанти од монистра и што ве привлече токму кон овој вид рачна изработка?

Идејата за ташните не дојде случајно таа всушност влече корени уште од моето детство, инспирирана од мајка ми и баба ми. Како мала си играв исклучиво со ташнички, а таа љубов е толку силна што и ден-денес никогаш не останувам рамнодушна кога ќе видам убава ташна.

Се сеќавам на три ланчиња од монистра кои мајка ми ги имаше во тоа време. Постојано ги расплетував и од тие ситни зрнца се обидував со свои раце да направам нешто ново. Монистрата уште тогаш ме фасцинираа со својот специфичен сјај. Со текот на годините, таа длабока љубов кон ташните, заедно со мојот перфекционизам и педантност во работата, природно созреаа и прераснаа во овој сон кој го живеам денес  да создавам уникатни ташни од монистра.

Кој беше првиот модел што го изработивте и дали сè уште го чувате?

Првиот модел што го изработивме беше моделот INICIO, симболично именуван по самиот почеток на оваа приказна, создаден од кристални монистра во впечатлива тиркизна боја. За жал, не го чувам кај себе.

Колку време е потребно за изработка на една чанта?

Времето за изработка зависи од самиот модел, односно од неговата големина, специфичната форма и дизајн кој треба да се постигне, како и од видот на самите монистра со кои се работи. Минималното време потребно за изработка е околу 15 часа интензивна и прецизна работа.

Што е најголемиот предизвик при рачната изработка на вакви модни додатоци?

Најголемиот предизвик при рачната изработка лежи во две нешта пронаоѓање на квалитетен материјал (монистра) и самата техника на изработка која е клучна за да се постигне трајноста и убавиот изглед на крајниот производ.
 

Каде го гледате Marmió во следните неколку години?

Во следните неколку години Marmió го гледам како препознатлив бренд што ќе биде симбол за креативност и уникатност. Исто така, моја голема желба е да отворам сопствено ателје простор каде што ќе се создаваат уште многу нови колекции, ќе се реализираат персонализирани идеи, а клиентите ќе можат одблиску да ги видат, почувствуваат и доживеат моделите, како и самиот процес на нивната изработка.

Воедно, во моментов работам на нови модели кои, покрај монистра, ќе вклучуваат и други материјали и техники на изработка. На тој начин сакам да внесам свежина и да понудам уште поголем избор на уникатни и современи дизајни.

Ако треба да го опишете Marmió со три збора, кои би биле тие?

Автентичност, креативност и безвременост.

Што би им порачале на младите луѓе кои сакаат своето хоби да го претворат во успешен бизнис?

Би им порачала да веруваат во себе, во своите соништа и да не се плашат да го направат првиот чекор. Секој успешен бизнис започнува со страст, но за да расте потребно е многу труд, посветеност и трпение. Ќе има предизвици и моменти на сомнеж, но важно е да останат доследни на својата визија и постојано да учат и напредуваат.

Тагови: бизнис идеи креативност ташна уметност Магдалена Крстеска

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Тетово!

Најновите огласи за работа во Тетово!

Барате работа во Тетово? Проверете ги најновите огласи за вработување и најдете ја идеалната можност за вашиот кариерен напредок! Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник кој бара прва работа, тука ќе најдете огласи што одговараат на вашите потреби и квалификации.

Придружете се на успешни компании и започнете ново поглавје во вашата кариера. Не чекајте! Аплицирајте веднаш и осигурете си посветла иднина.

Sales Representative in Tetovo
Маркетинг агенти - Тетово
Оператор на машина за шиење

Прочитајте и за: Огласи за работа во Велес!

Се уште сте во потрага по идеалното работно место?! Проверете ги сите останати огласи и аплицирајте ТУКА.

Промовирани огласи »

Зошто е важно да пиете доволно вода во текот на летото?

Неколку чаши вода повеќе можат да направат голема разлика!

Летните месеци носат високи температури, повеќе активности на отворено и зголемено потење, што значи дека телото губи повеќе течности од вообичаено. Токму затоа, внесувањето доволно вода е еден од најважните фактори за одржување на добро здравје во текот на летото.

Водата го регулира телесниот баланс

Човечкото тело е составено од околу 60% вода, која има клучна улога во регулирањето на телесната температура, транспортот на хранливите материи и правилното функционирање на органите. Кога не внесуваме доволно течности, организмот потешко се справува со топлината.

Помага во спречување на дехидрација

Дехидрацијата може да предизвика замор, главоболка, вртоглавица, намалена концентрација и чувство на слабост. Во потешки случаи може да доведе и до сериозни здравствени проблеми, особено кај децата и постарите лица.

Ја подобрува концентрацијата и енергијата

Дури и мала загуба на течности може да влијае врз способноста за концентрација и продуктивноста. Доволниот внес на вода помага да се чувствувате посвежо, поенергично и поподготвено за секојдневните обврски.

Придонесува за поздрава кожа

Во текот на летото кожата е изложена на сонце и високи температури. Редовната хидратација помага кожата да остане посвежа, поеластична и помалку склона кон сушење.

Го поддржува варењето

Водата игра важна улога во дигестивниот систем и помага храната полесно да се обработува. Доволниот внес на течности може да помогне и во спречување на дигестивни проблеми.

Колку вода треба да пиете?

Потребите се разликуваат од човек до човек, но експертите препорачуваат најмалку 2 литри вода дневно, а во топлите летни денови и при физичка активност потребата може да биде и поголема.

Водата е наједноставниот и најдостапен начин да му помогнете на организмот да се справи со летните горештини. Наместо да чекате да почувствувате жед, обидете се редовно да внесувате течности во текот на денот и да го одржувате телото хидрирано и здраво.

Тагови: вода здрав напиток здравје

Промовирани огласи »

Вработување во Рамстор!

Најнови огласи за работа во Рамстор!

Рамстор Македонија е ланец од 26 маркети и еден онлајн маркет „Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Моментално вработува:

Продажен персонал - Козле
Продажен персонал - Водно
Продажен персонал - Автокоманда
Продавач на месарница - City Mall
Електротехничар

Останатите отворени работни позиции од Рамстор можете да ги најдете ТУКА.

Доколку сте се уште во потрага по идеалната работна позиција, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Дту Рамсторе Доо

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »