Промовирани огласи »

Психологија на преговарање: како да постигнете подобра почетна плата

Оваа реченица може да ви донесе повисока плата веднаш!

Преговарањето за првата плата е еден од најважните моменти во кариерата. Иако многумина го доживуваат како непријатен разговор, вистината е дека тоа не е само прашање на бројки туку на психологија, перцепција и стратегија. Начинот на кој комуницирате, аргументирате и се позиционирате може да направи значајна разлика во конечната понуда.

Перцепцијата на вредност е клучна

Во преговарањето, не се работи само за тоа колку вредите, туку како ја комуницирате таа вредност. Работодавците често ја проценуваат вашата цена врз основа на вашата самодоверба, јасност и аргументација. Ако настапите несигурно или без конкретни примери, постои ризик да прифатите пониска понуда од реалната.

Затоа, подготовката е клучна. Истражете го пазарот, споредете плати за слични позиции и дефинирајте реален опсег. Кога знаете каде стоите, полесно е да настапите убедливо.

„Anchoring“ ефектот кој прв ја кажува бројката?

Еден од најпознатите психолошки принципи во преговарањето е т.н. „anchoring“ првата бројка што се споменува често го поставува тонот на разговорот. Доколку работодавецот ја даде првата понуда, таа може да биде пониска од она што сте го очекувале.

Во идеален случај, подобро е вие да поставите опсег кој е малку повисок од вашата целна плата. Ова остава простор за преговарање и ја позиционира дискусијата во ваша корист.

Самодоверба без ароганција

Балансот помеѓу самодоверба и професионалност е клучен. Преголема агресивност може да создаде негативен впечаток, додека претераната скромност може да ве чини пари. Најдобар пристап е смирен, аргументиран и отворен разговор.

Наместо да барате „повеќе пари“, фокусирајте се на вредноста што ја носите: вештини, потенцијал, мотивација и подготвеност за учење. Работодавците не плаќаат само за искуство туку и за потенцијал.

Моќта на тишината

Многу кандидати прават една клучна грешка зборуваат премногу. Откако ќе ја кажете вашата очекувана плата, направете пауза. Тишината може да биде моќна алатка, бидејќи му остава простор на работодавецот да реагира, често во ваша корист.

Не се работи само за плата

Ако просторот за зголемување на платата е ограничен, преговарањето не завршува тука. Можете да разговарате за бонуси, флексибилно работно време, можности за обука, дополнителни денови одмор или брз преглед на перформансите со можност за зголемување.

Овој пристап покажува зрелост и разбирање на пошироката вредност на понудата.

Контрола на емоциите

Стравот од одбивање е една од најголемите бариери при преговарање. Но, важно е да се запомни дека преговарањето е очекуван дел од процесот. Работодавците ретко ја повлекуваат понудата само затоа што кандидатот побарал подобри услови напротив, тоа често се гледа како знак на самодоверба и професионалност.

Постигнувањето подобра почетна плата не зависи само од вашите квалификации, туку и од тоа како ги претставувате. Со добра подготовка, разбирање на психолошките принципи и јасна комуникација, можете значително да ја подобрите вашата позиција.

На крајот, преговарањето не е конфликт туку разговор за вредност. А ако вие не ја дефинирате вашата вредност, некој друг ќе го направи тоа наместо вас.

Прочитајте и за: Отворени информации за плати: алатка за еднаквост или извор на конфликт?

Тагови: зголемување на плата плата совети за работа

Промовирани огласи »

Women in Tech® Macedonia Awards 2026

Отворени номинации за Women in Tech Macedonia awards!

Македонија го добива своето прво меѓународно признание за жени во технологија и поддржувачи на екосистемот под покровителство на нашата прва жена претседател проф. д-р. Гордана Сиљановска-Давкова .

За прв пат во историјата на Македонија, престижната глобална иницијатива Women in Tech® го проширува своето присуство со Women in Tech® Macedonia Awards,  церемонија за доделување на признанија на жените, организациите и лидерите кои ја обликуваат иднината на ИТ екосистемот. 

Номинациите се отворени до 30ти април 2026. Настанот за доделување на награди и признанија ќе се одржи на крај на мај 2026 година во Скопје, под покровителство на нашата прва жена претседател проф. д-р. Гордана Сиљановска-Давкова и во соработка со Министерството за Дигитална Трансформација.

Women in Tech® е водечко светско движење за зајакнување на жените и нивните сојузници во технологијата. Со активно присуство во повеќе од 7 континенти ширум светот - Women in Tech® Awards веќе препозна и награди илјадници исклучителни лидерки, иноваторки и поборнички за промени во соодветна категорија.

Македонија станува дел од оваа глобална мрежа преку Women in Tech® Macedonia Awards, настан со 9 наградни категории и 21 признанија дизајнирани да ги одразат сите димензии на придонес кон технологијата и иновацијата.

Деветте категории се следните:

01 Aspiring Teen Award; за млади жени на возраст 13–21 година

02 Best Ally Award; за поединци кои активно ја поддржуваат родовата еднаквост

03 Most Impactful Initiative Award; за програми и иницијативи со мерлив ефект

04 Most Disruptive Award; за револуционерни иноваторки

05 Woman in Web3 Award; за лидерки во блокчејн и децентрализирани технологии

06 Start-Up Award; за жени-претприемачки во технолошки стартапи

07 Tech Diplomacy Award; за технологија во служба на меѓународните односи

08 Global Leadership Award; за жени со исклучително глобално лидерство

09 Lifetime Achievement Award; за доживотен придонес кон технолошкиот сектор

Номинирањето е отворено за советници, партнери, институции, академски лидери и претставници на индустријата кои сакаат да ги препознаат заслужните жени и организации од македонскиот технолошки екосистем. Кандидатите можат и самостојно да се номинираат себеси.

Номинациите се евалуираат врз основа на конкретни критериуми и тоа: реален импакт, лидерство, иновација и придонес во заедницата. Бројот на добиени номинации не влијае врз евалуацијата. Исклучително е важно сите информации во номинациската форма мора да бидат точни и целосни. Неточни информации ќе резултираат со автоматска дисквалификација.

Ве покануваме да номинирате или да се номинирате себе, преку официјалната онлајн форма најдоцна до 30 април 2026 на овој линк.  

Формата е дел од официјалниот процес за номинација на Women in Tech® Macedonia Awards. При пополнување, потребно е да се наведат контакт-информации, организацијата во којашто работите и кратко образложение зошто ја предлагате одредената личност. 

Со овие признанија, целта е да се поттикне континуиран успех кај жените во технологијата, да ја зголемиме нивната видливост и да создадеме силен стимул за вистинска, долгорочна поддршка во нашата заедница. Преку препознавање на иновации, тех достигнувања, сакаме да инспирираме нови генерации, да изградиме поинклузивен екосистем и да ја зацврстиме културата на вреднување на знаењето, иновацијата и лидерството во Македонија.

Тагови: Women in Tech

Промовирани огласи »

УНИПлус - секој прилив се брои! Флексибилна програма за лојалност на УНИБанка

Секој денар вреди повеќе: УНИБанка со нова програма што ги наградува сите приливи!

Дали ви се случило, кога сакате да користите одреден банкарски производ да Ве прашаат дали тука ја земате платата? Често, условите и поволностите зависат токму од тоа дали платата ви е префрлена таму, при што клиентите со редовни примања може да добијат подобри услови и дополнителни бенефиции.

Тоа не е случај и со УНИБанка! Во оваа банка, УНИПлус програмата за лојалност, ги опфаќа сите клиенти независно каде ја примаат платата. Toa што треба да се направи е само да отворите платежна сметка во УНИБанка, на која сами одлучувате кој тип на прилив го насочувате: плата, закупнини, хонорари надоместоци од договори за дело или авторски услуги, девизни приливи или трансакции од трети лица, секој прилив се брои, а условот е само вкупните месечни приливи на сметката да достигнат минимум 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери.

Лојалноста кон УНИБанка обезбедува бројни поволности како пониски каматни стапки за кредити и повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за следење на личните финансии, како и многу други бенефити.

Овој модел претставува отстапување од вообичаената практика во банкарскиот сектор, каде што програмите за лојалност најчесто се условени со префрлање на плата, што често претставува бариера за клиентите кои веќе имаат кредитни обврски во друга банка. Свесни за тоа, одлучивме да ги менуваме стандардите и да бидеме Банка лидер во овозможувањето врвно корисничко искуство. Со УНИПлус им овозможуваме на клиентите поволности, но и поголема слобода во управувањето со нивните финансии“, велат од УНИБанка.

Според финансиските  експерти, УНИБанка и досега важеше за Банка со високо ниво на лојалност кај нејзините клиенти, како и по својот динамичен и модерен пристап. Со овој чекор, уште еднаш докажува дека приоритет ѝ се флексибилноста и прилагодување кон потребите на клиентите.

Паралелно со флексибилноста, Банката продолжува интензивно да инвестира во достапност на дигиталните операции, гарантирајќи сигурно и непречено корисничко искуство.

СТАНИ ДЕЛ ОД УНИПлус – Лојалната програма на УНИБанка!

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Успешно реализиран настанот Global HR Vision во организација на KARIERA.mk

Успешно реализиран настанот Global HR Visio кој се одржа на 23-ти април во Хотел Мериот!

Настанот Global HR Vision, во организација на KARIERA.mk, кој се одржа на 23 април во престижниот Skopje Marriott Hotel, беше успешно реализиран и уште еднаш потврди дека HR заедницата во регионот има силен капацитет за развој, иновации и меѓусебна соработка.

Овој настан претставуваше значајна платформа за поврзување на HR професионалци, менаџери и лидери од различни индустрии, со цел размена на знаење, искуства и најдобри практики. Програмата беше внимателно креирана за да одговори на актуелните предизвици со кои се соочува современиот пазар на труд од трансформацијата на работните места под влијание на технологијата, до градењето одржливи организациски култури и привлекување и задржување на таленти.

Особена вредност на настанот му дадоа врвните говорници: Nadina Tyropolis, Majda Berislavić, Harbir Singh Rissam, Peter Spannagl и Ilona Popczyk. Со својата експертиза, професионален пристап и инспиративни излагања, тие понудија длабоки увиди и практични насоки кои учесниците ќе можат директно да ги применат во своето работење. Нивниот придонес беше клучен за креирање на динамична и ангажирачка атмосфера, која поттикна дискусии и отвори нови перспективи за иднината на HR функцијата.

Воедно, би сакале да изразиме искрена благодарност до нашите партнери и спонзори: Motivi Employments, Titan Usje, Pikasa Analytics, Sparkasse Bank AD Skopje, Croatia Osiguruvanje, Alkaloid AD Skopje, Grand Kafa, Štark, Vineto HR и A1 Macedonia. Нивната доверба, поддршка и посветеност беа од суштинско значење за квалитетната организација и реализација на настанот.

Global HR Vision не е само настан, туку иницијатива која има за цел да ја поттикне трансформацијата на HR индустријата и да придонесе кон создавање поиновативна, поинклузивна и поефикасна работна средина. KARIERA.mk и понатаму ќе продолжи активно да инвестира во вакви проекти, со цел да обезбеди континуиран развој на професионалната заедница и да создава можности за вмрежување, учење и раст.

Им благодариме на сите учесници што беа дел од ова искуство и придонесоа Global HR Vision 2026 да биде настан кој ќе се памети: EVN, Van Hool, WIK Macedonia, Raguza, Varus, Produkcija Perspektiva, UNIJA ETL ACCOUNTING, ASEE BSS, KIEL Macedonia, Law Office Tošić & Jevtić, Foxit, Alkaloid, A1, OIP, Makpetrol, Evrotip, TRIGLAV Insurance, Women in Tech, USJE, Halkban, Novo Nordisk Pharma, ATLANTIC ŠTARK, Grand Kafa, Eko Logistic Service, Silk Road Bank, Kromberg & Shubert, Maliqi Group, Vega, Special Eye Hospital DENICA, Via Pharm, Nova High School, Studio Moderna Tikvesh Vinary, Sparkasse Bank, Croatia Insurance, TTK Banka, Leoron, Motivi, Pikasa, AUE FON.

Ви благодариме за присуството и позитивната енергија!

Погледнете дел од атмосферата во продолжение, се гледаме на следниот настан!

Во прилог галерија од фотографии.

Тагови: Global HR Vision Кариера Онлајн

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »