Промовирани огласи »

На што навистина треба да внимавате при избор на ново работно место

Дали оваа работа навистина вреди?

Изборот на ново работно место е една од најважните одлуки во вашата кариера. Понекогаш добар оглас и примамлива плата не се доволни за да гарантираат долгорочно задоволство и професионален раст. Затоа, пред да прифатите нова понуда, важно е да обрнете внимание на неколку клучни фактори.

1. Работната култура и вредностите на компанијата

Начинот на кој компанијата функционира секојдневно има огромно влијание врз вашата мотивација и ментално здравје. Проверете дали вредностите на компанијата се усогласени со вашите и дали се поттикнува тимска работа, отворена комуникација и почит.

2. Јасно дефинирани обврски и очекувања

Доколку описот на работната позиција е нејасен или премногу општ, тоа може да биде сигнал за идни недоразбирања. Побарајте конкретни информации за вашите задачи, цели и критериуми за успех.

3. Можности за развој и напредување

Добрата работа не е само онаа што нуди стабилна плата, туку и простор за учење и раст. Прашајте дали компанијата инвестира во обуки, менторство и кариерен напредок.

4. Баланс помеѓу работа и приватен живот

Прекумерната работа и постојаниот стрес брзо водат до исцрпеност. Проверете ги работното време, флексибилноста, можностите за работа од дома и ставот на компанијата кон слободното време.

5. Стилот на менаџмент

Вашиот директен претпоставен често е поважен од самата позиција. Добриот менаџер мотивира, поддржува и дава јасен фидбек, додека лошиот може значително да го наруши вашето искуство на работа.

6. Финансиски услови и бенефиции

Покрај платата, внимавајте и на дополнителните бенефиции: здравствено осигурување, бонуси, слободни денови, можности за унапредување и други погодности.

7. Репутацијата на компанијата

Истражете мислења од вработени, присуство на социјалните мрежи и јавниот имиџ на компанијата. Искрените искуства често откриваат многу повеќе од самиот оглас.

Новото работно место треба да биде чекор напред, а не компромис. Кога внимателно ги анализирате сите аспекти, си давате можност да изградите стабилна, исполнувачка и долгорочна кариера.

Прочитајте и за: Што да проверите пред да прифатите понуда за работа

Тагови: нова работа совети за работа

Промовирани огласи »

Општина Центар воведува засилени казни од 50 евра за неправилно паркирање

По државните казни преку „Сејф сити“, Општина Центар започна засилени контроли и глоби од 50 евра за возила паркирани на јавни и зелени површини.

Општина Центар им се приклучи на засилените контроли за сообраќајни прекршоци, откако државните институции преку системот „Сејф сити“ веќе цела недела казнуваат за непрописно возење и паркирање. Градоначалникот Горан Герасимовски објави дека на територијата на општината се изрекуваат казни од 50 евра за неправилно паркирање, особено на јавни и зелени површини.

Според информациите на Герасимовски објавени на социјалните мрежи, комуналните инспектори и редари спроведуваат засилени контроли, а на секое неправилно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок. Казната од 50 евра, во денарска противвредност, е пропишана согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Прекршочниот платен налог се подигнува во општинските простории – Сектор за инспекциски работи, барака 6А.

Од општината информираат дека доколку казната се плати во рок од осум дена, граѓаните ќе платат половина од изреканиот износ, додека по истекот на овој рок следува целосна наплата или поведување прекршочна постапка пред надлежен суд. Герасимовски апелира до жителите да ги почитуваат правилата за паркирање, со цел, како што наведува, да се обезбеди поуредна, побезбедна и поквалитетна урбана средина во Општина Центар.

Тагови: казни краткото паркирање Општина Центар Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Оператор за доработка
Автомеханичар
Келнер/ка
Координатор за маркетинг
Support Engineer (f/m/d)

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Струмица!

Промовирани огласи »

Што ако се повредите на работно место? Кои се вашите права и кога добивате надомест

Кога имате право на паричен надоместок?

Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување под истите услови во поглед на пензискиот стаж под кои се здобива со правото на инвалидска пензија.

Условите се следни:

  • телесното оштетување да е причинето  со повреда на работа или професионална болест – без оглед на должината на пензискиот стаж.
  • телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или
  • телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест, доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.

Осигуреник кај кого телесното оштетување настанало пред навршување на 30 години живот како последица на повреда надвор од работата или болест се здобива со право на надоместок за телесно оштетување ако на денот на настанувањето на телесното оштетување  имал својство на осигуреник и ако:

  • телесното оштетување  настанало до навршување на 20 години живот, ако имал најмалку шест месеци стаж на осигурување;
  • телесното оштетување  настанало до навршување на 25 години живот, ако имал најмалку девет месеци стаж на осигурување и
  • телесното оштетување  настанало до навршување на 30 години живот, ако имал најмалку 12 месеци стаж на осигурување.

Право на паричен надоместок за телесно оштетување осигуреникот стекнува независно од тоа дали се стекнал и користи и некое друго право од пензиското и инвалидското осигурување.

Не се стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување од 30% до 40% според листата на телесни оштетувања, кое настанало како последица на болест или повреда надвор од работата, за телесно оштетување кое постоело пред стапувањето во работен однос, како и за подоцнежното влошување на тоа телесно оштетување. По исклучок кога пред стапувањето во работен однос постоело телесно оштетување на еден од парните органи, а подоцна настапи оштетување на другиот истоветен орган, осигуреникот стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување на двата органи.

Висината на паричниот надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на телесното оштетување од следниве основици:

  • 9% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со повреда на работа или со професионална болест и
  • 7% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со болест или повреда надвор од работата.

Ако постојат две или повеќе телесни оштетувања вкупниот процент се определува на тој начин што на поголемиот процент се додава, и тоа по:

  • 20% за секое натамошно телесно оштетување од 50% или повеќе 
  • 10% за секое натамошно телесно оштетување од 40% и 30%.

На корисникот на паричен надоместок за телесно оштетување во случај на влошување на постојното телесно оштетување или нов случај на телесно оштетување, му се определува паричен надоместок според новиот, односно вкупниот процент на телесно оштетување.

Тагови: работа Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ) телесни повреди

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »