Промовирани огласи »

Узбекистан преминува на безготовинска економија: Кешот станува минато за голем дел од плаќањата

Од април наредната година Узбекистан забранува кеш за владините услуги, комуналиите, недвижнините и скапи производи, во обид да ја ограничи сивата економија и да ја зголеми транспарентноста.

Узбекистан од април идната година драстично ќе го ограничи користењето готовина, со цел да ја намали сивата економија и да ја зајакне транспарентноста во финансиските текови. Според новиот декрет на претседателот Шавкат Мирзијоев, плаќањето со кеш ќе биде забрането за сите владини услуги и за сметките за струја, вода и гас, додека банкарските картички и електронските плаќања стануваат задолжителни за сите производи поскапи од 25 милиони суми (околу 2.000 долари) и за акцизните стоки како алкохол и цигари. Бензинските пумпи, вклучително и станиците за полнење електрични возила, исто така нема да прифаќаат готовина.

Целиот пазар на недвижнини и купопродажбата на тешки моторни возила и машини ќе се префрли на безготовински трансакции, при што порамнувањата ќе се обработуваат преку електронска размена на податоци меѓу банките и нотарските служби. Единствен исклучок остануваат плаќањата извршени преку банкарски благајни. До средината на следната година, сите трговски и услужни дејности ќе мора задолжително да воведат унифициран QR-код систем за електронски плаќања, со што се очекува дополнително да се потиснат неформалните готовински текови.

Мерките се дел од поширока владина стратегија до 2030 година да се намали сивата економија за 30%, во услови кога уделот на безготовинските плаќања веќе пораснал од 38% во 2023 на 43% во 2025 година, а прогнозите се дека до 2027 ќе достигне 75%. Моделот во голема мера е инспириран од Кина, каде технолошките гиганти Alipay и WeChat Pay обработуваат над 90% од мобилните трансакции, а сега настојуваат да го прошират своето влијание и на средноазискиот регион.

Тагови: Узбекистан безготовинска економија

Промовирани огласи »

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

УНИБанка и Жан Митрев со нова можност: Медицинско финансирање со 0% камата

Водени од посветеноста кон потребите на клиентите, УНИБанка АД Скопје, во соработка со ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје и ПЗУ „Жан Митрев Дијагностик“ Струмица, ја претставува новата и исклучително поволна можност за финансирање медицински услуги – наменски потрошувачки кредит со 0% камата.

Овој внимателно создаден модел на финансиска поддршка има една јасна цел, да им овозможи на пациентите брз и непречен пристап до врвна здравствена грижа и квалитетни медицински услуги, истовремено намалувајќи го финансискиот товар што често претставува пречка за навремена дијагностика и лекување.

Во време кога здравјето е најголем приоритет, овој кредит овозможува финансирање до 600.000 денари со рок на отплата до 48 месеци, при што пациентите добиваат вистинска слобода да ја изберат услугата што им е потребна без грижа за каматни оптоварувања или дополнителни трошоци. Условите се исклучително поволни: 0% камата, без надомест за одобрување, без надомест за предвремена отплата и без потреба од жиранти или дополнително обезбедување. Постапката за аплицирање е максимално лесна и прилагодена на потребите на пациентите.

Со оваа заедничка иницијатива, УНИБанка и „Жан Митрев“ ја истакнуваат својата посветеност кон создавање подобри услови за клиентите, овозможувајќи им да се фокусираат на суштината, зачувување на здравјето и благосостојбата на себе и на своите најблиски.

Ова решение претставува вистински чекор кон подигнување на стандардите во грижата за пациентите и демонстрира дека силното партнерство меѓу финансискиот и здравствениот сектор може да донесе реални придобивки за заедницата.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

МВР го одложува официјалниот старт на „Сејф сити“ - еве од кога ќе започне со казнување!

Регистрирањето на сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“ (Сејф сити) нема да започне од 1 јануари, како што беше првично најавено.

Министерството за внатрешни работи (МВР), во одговор на прашање на „360 степени“ околу тоа дали системот „Безбеден град“ (Сејф сити) се тестира и кога официјално ќе биде во функција, посочи дека регистрирањето сообраќајни прекршоци преку овој систем ќе започне да функционира од 1 февруари, а не од 1 јануари, како што беше првично најавено.

Безбеден град ќе започне да функционира од 1.2.2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10“, велат од МВР за „360 степени.

Откако отпочна тест-периодот и опомените кои стигаат во СМС-пораки, системот „Безбеден град“, властите размислуваа за одложување на почетниот датум откога наместо опомени, ќе почнат да се испраќаат казни за брзо возење и поминување на црвено светло.

Покрај одложувањето, претставници на МВР изминатите денови најавија дека се размислува и за извесна толеранција околу брзината, односно да не се казнуваат возачите кои возеле 52 или 53 километри на час во градска зона.

Тагови: казни МВР Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Какво време не очекува овој петок во Македонија

Проверете ја деталната прогноза подолу

Времето ќе биде сончево и пријатно со слаба до умерена облачност. Во утринските часови локално ќе се појави магла и поголема облачност, која постепено ќе се намали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, а на некои делови ќе има дожд Повардарието може повремено да се засили од северозапад.

Во Скопје, претпладне се очекуваат услови за слаба магла во делови од котлината. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со слаба до умерена облачност, со слаб до умерен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

12.12.2025 Петок   / 11° 06:50   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h















11°









3

2

2

2

3

3

3

3

3
13.12.2025 Сабота   -1° / 06:50   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h






-1°
-1°
-1°
















3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

2

1

1

2

2

2

1

1

1

1

1

1

1

1
14.12.2025 Недела   -1° / 10° 06:51   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h














10°
10°






-1°
-1°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

1

2

2

2

3

3

3

3
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »