Промовирани огласи »

МВР го одложува официјалниот старт на „Сејф сити“ - еве од кога ќе започне со казнување!

Регистрирањето на сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“ (Сејф сити) нема да започне од 1 јануари, како што беше првично најавено.

Министерството за внатрешни работи (МВР), во одговор на прашање на „360 степени“ околу тоа дали системот „Безбеден град“ (Сејф сити) се тестира и кога официјално ќе биде во функција, посочи дека регистрирањето сообраќајни прекршоци преку овој систем ќе започне да функционира од 1 февруари, а не од 1 јануари, како што беше првично најавено.

Безбеден град ќе започне да функционира од 1.2.2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10“, велат од МВР за „360 степени.

Откако отпочна тест-периодот и опомените кои стигаат во СМС-пораки, системот „Безбеден град“, властите размислуваа за одложување на почетниот датум откога наместо опомени, ќе почнат да се испраќаат казни за брзо возење и поминување на црвено светло.

Покрај одложувањето, претставници на МВР изминатите денови најавија дека се размислува и за извесна толеранција околу брзината, односно да не се казнуваат возачите кои возеле 52 или 53 километри на час во градска зона.

Тагови: казни Министерство за внатрешни работи (МВР) Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Какво време не очекува овој петок во Македонија

Проверете ја деталната прогноза подолу

Времето ќе биде сончево и пријатно со слаба до умерена облачност. Во утринските часови локално ќе се појави магла и поголема облачност, која постепено ќе се намали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, а на некои делови ќе има дожд Повардарието може повремено да се засили од северозапад.

Во Скопје, претпладне се очекуваат услови за слаба магла во делови од котлината. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со слаба до умерена облачност, со слаб до умерен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

23.3.2026 Понеделник   / 14° 06:32   18:52
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h











11°
12°
14°
14°
14°
11°
12°
11°






1

1

1

1

2

2

3

2

3

3

4

3

3

3

3

3

3

2
24.3.2026 Вторник   / 13° 06:31   18:53
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
12°
12°
13°
13°
13°
13°
13°
13°
11°
10°




2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

4

4

4

4

5

4

4

4

4

3

3

3

3

3
25.3.2026 Среда   / 17° 06:29   18:54
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h









10°
12°
14°
15°
16°
17°
17°
17°
17°
15°
13°
12°
12°
12°
12°

3

3

3

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Овие 3 града денес имаат најлош воздух во Македонија

Утринските мерења на ПМ10 честички покажуваат повисока загаденост во Тетово, Велес и Струмица, додека неколку други градови се во умерени или поволни граници.

Утринските мерења на ПМ10 честичките во Македонија покажуваат дека највисоки вредности денес имаат Тетово со 111 μg/m³, Велес со 106 μg/m³ и Струмица со 95 μg/m³, што спаѓа во категоријата многу висока концентрација (над 90 μg/m³). Битола и Кавадарци се на горната граница на висока загаденост со по 79 μg/m³, додека Гевгелија (61 μg/m³), Гостивар (60 μg/m³) и Кичево (55 μg/m³) исто така имаат покачени вредности над нормалното ниво.

Во Скопје моментално се измерени 52 μg/m³, што е малку над границата на нормално, Охрид со 39 μg/m³ и Куманово со 27 μg/m³ се во рамки на нормално ниво, додека Лазарополе со 2 μg/m³ има многу ниска концентрација на ПМ10 честички. Според легендата, до 25 μg/m³ се смета за многу ниско ниво, до 50 нормално, до 90 високо, до 180 многу високо, а над 180 екстремно високо ниво на загаденост.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во /ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

22µg/m3Гази баба
10µg/m3Лисиче
9µg/m3Карпош
8µg/m3Центар
8µg/m3Ректорат
6µg/m3Миладиновци

Македонија

27µg/m3Охрид
27µg/m3Битола 1
26µg/m3Кичево
23µg/m3Кавадарци
21µg/m3Гостивар
20µg/m3Тетово
20µg/m3Прилеп
20µg/m3Берово
19µg/m3Гевгелија
18µg/m3Битола
16µg/m3Струмица
12µg/m3Лазарополе
12µg/m3Велес
10µg/m3Куманово

Промовирани огласи »

Ина Марковиќ и DINNA AI: Новата ера на паметен маркетинг во Македонија

Што стои зад успехот на DINNA AI? Ина Марковиќ ни открива сè!

Во седмата епизода на „На Каде Одиме?“ разговараме со Ина Марковиќ – основач и архитект на DINNA AI, една од најиновативните маркетинг-платформи на домашниот пазар. Ина е пример за тоа како страста кон маркетингот, комбинирана со визија, истрајност и технолошка иновација, може да изроди решение што реално им помага на бизнисите да растат.

Во разговорот, Ина ни открива како започнува нејзината љубов кон маркетингот, кои беа првите чекори на нејзиниот професионален пат и како токму тие искуства ја насочиле кон градење сопствен производ. Таа зборува искрено за предизвиците со кои се соочила додека ја создавала DINNA AI – од технички бариери, до тоа како да се најде вистински пазарен фокус и да се креира алат што навистина решава проблеми, а не само изгледа иновативно.

Ина објаснува и како ја дефинира својата идеална публика, зошто е важно да се знае кому точно му се обраќаме и што ја издвојува DINNA AI од другите маркетинг-решенија. Споделува за кои типови компании оваа платформа е најпогодна и какви конкретни бенефити може да донесе – од подобра анализа на податоци, до поефикасни маркетинг-кампањи и поголема продуктивност во тимовите.

Разговорот е исполнет со практични совети, корисни увиди и лични искуства кои покажуваат дека создавањето успешен бизнис е процес што бара посветеност, стратегија и постојано учење. Преку приказната на Ина, епизодата ја отвора темата за тоа како современиот маркетинг се развива, како технологијата ја трансформира индустријата и што им е потребно на компаниите за да останат релевантни во дигиталната ера.

🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:

Ина Марковиќ и DINNA AI: Новата ера на паметен маркетинг во Македонија

Тагови: интервју поткаст

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »