Промовирани огласи »

Потрошувачки кредит од УНИБанка до 2.000.000 денари со поволна и фиксна камата

Финансиска слобода? Со УНИБанка добиваш до 2.000.000 денари по поволни услови!

Сакате да го реновирате домот, да купите автомобил и да одите на посакуваната дестинација, а вашата плата не може да го покрие ова задоволство. Има решение! УНИБанка овозможува потрошувачки кредит наменет за ваквите потреби.

Можете да аплицирате онлајн, без жиранти, и брзо и едноставно да дојдете до сумата која ќе ви овозможи да се радувате на работите кои ви значат.

Потрошувачкиот кредит на УНИБанка е до 2.000.000 денари расположливи средства, по поволна каматна стапка почнувајќи од 4,5%, за целиот период на отплата, без жиранти.

Дизајниран е да ви помогне да управувате со поголеми трошења или инвестиции без непосреден товар врз вашиот паричник. Нема скриени трошоци, а постапката е транспарентна.

Со потрошувачкиот кредит на УНИБанка, можете да го започнете долго очекуваното реновирање во домот, да купите добра за кои отсекогаш сте сонувале или едноставно да ги консолидирате постоечките долгови. Разбирањето на сопствените потреби може да ви помогне да донесувате подобри финансиски одлуки, а со вистинските алатки, како што е потрошувачкиот кредит на УНИБанка, да постигнете совршен баланс меѓу уживањето денес и планирањето за утре. 

УНИБанка е динамична и современа дигитална банка, која ги разбира потребите на младите луѓе, нивните лични потреби и очекувања, нудејќи продукти и услуги како би им овозможила остварување на соништата и максимални животни постигнувања.

Затоа не ги одложувајте вашите планови и потреби поради недостаток на финансиски средства.

Тагови: HR УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Авто-школите удрија со нови цени: Возачка дозвола станува луксуз за многумина

За да станете возач сега ви требаат над 33.000 денари

Од 1 ноември стапија во сила нови, значително повисоки цени за обука во авто-школите во Македонија. Здружението на авто-школи донесе одлука за поскапување од 35%, со што комплетната обука за Б категорија се зголеми од 24.500 на 33.000 денари, односно за 8.500 денари.

Колку чини да станете возач?

Според новите ценовници, основната обука за Б категорија вклучува:

  • Теоретска настава (20 часа): 4.500 денари
  • Практична настава (36 мото часа): 28.500 денари
  • Три посети на полигон: 250 денари по час
  • Користење возило за прв и втор практичен испит: 1.500 денари за секое полагање
  • Дополнителен час за возење: 1.000 денари
  • Лекарско уверение: 1.200 денари

Во зависност од брзината на напредокот, вкупната сума може да ја надмине и границата од 36.000 денари.

Цени и за другите категории

Слични корекции има и кај останатите категории:

  • А категорија: 24.000 денари
  • БЕ категорија: 15.000 денари
  • Ц категорија: 32.000 денари
  • ЦЕ категорија: 25.000 денари
  • Д категорија: 40.000 денари

Дополнителните часови чинат до 2.000 денари, а користењето на возило за испит се наплаќа различно – на пример, 2.400 денари за А категорија, 2.000 денари за Ц категорија, 2.500 денари за ЦЕ.

Авто-школите: „Трошоците нѐ принудија на ова“

Сопствениците на авто-школите велат дека цената не е менувана повеќе од една деценија, а трошоците за работа драматично пораснале.

Веќе неколку години обучуваме возачи за 24.500 денари, но растат трошоците за гориво, сервисирање, одржување и техничка опрема. Главен проблем се трошоците кои што растат,  ја оправдуваат својата одлука авто-школите.

Младите револтирани: „Станува луксуз да се стане возач“

Младите кои се подготвуваат за полагање велат дека новите цени сериозно го оптоваруваат семејниот буџет.

Велат дека за да земат обука и да полагаат треба да подигнат кредит затоа што сумата е и претерано висока.

Тагови: возачка дозвола цени авто-школите

Промовирани огласи »

Еве каде загаденоста е највисока денес во Македонија

Погледнете кои македонски градови денес се со најголема концентрација на ПМ10 честички според најновите податоци.

Најновите мерења на ПМ10 честички покажуваат дека највисоко ниво на загадување денес е измерено во Кавадарци со вредност од 174, што спаѓа во категоријата многу висока концентрација на честички. Потоа следуваат Струмица со 112 и Гостивар со 90, каде исто така е регистрирано покачено загадување.

Во останатите градови состојбата е подобра: во Тетово се измерени 87, Гевгелија 66, а Скопје 51, додека концентрациите се најниски во Охрид (23) и Лазарополе (8). Граѓаните се препорачуваат да бидат внимателни, особено во градовите со поголемо загадување.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 08ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

10µg/m3Лисиче
9µg/m3Ректорат
8µg/m3Миладиновци
4µg/m3Центар
4µg/m3Гази Баба
3µg/m3Карпош

Македонија

53µg/m3Струмица
38µg/m3Кавадарци
21µg/m3Велес
19µg/m3Гевгелија
13µg/m3Битола
13µg/m3Гостивар
9µg/m3Охрид
8µg/m3Кичево
7µg/m3Тетово
3µg/m3Куманово
1µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Agile Pro Solutions: Како секој може да стане експерт за продажба

Agile Pro Solutions: од почетници до врвни експерти во продажба

Јас сум Јусуф Мустафи. Неколку години поминав во Авганисран и Ирак, работејќи за Американската војска. Стекнав незаменливо искуство во исклучително опасна и напорна средина, што ми помогна да се изградам и како личност и како професионалец.

По завршувањето на таа, слободно можам така да се изразам, животна авантура, се вратив во Македонија. Сосема случајно налетав на огласот за продажен агент за банкарски услуги во Agile Pro Solutions. Компанијата штотуку отвори нова канцеларија во Тетово, и по неколкунеделната обука во канцеларијата во Скопје, јас и моите колеги започнавме со работа. Почетокот беше навистина тежок, и за себе мислев дека сум, за ваква работа, безнадежен случај. Неколку пати бев на работ на откажување, но комбинацијата на напорна работа, упорност од манаџерот и секако, нашиот локален инает ме натераа да издржам. Во неполна цела година, јас бев веќе унапреден во „Expert Level„ и сум навистина горд на моите достигнувања за точно веќе една година.

Заработката е добра, и иако работното време е константна „втора смена„ заради америчкиот пазар на кој функционираме, слободните викенди и претпладниња си имаат повеќе предности отколку недостатоци. За крај би сакал на сите кои зборуваат добар англиски и се комуникативни личности, да им препорачам да се пробаат во продажба на американскиот пазар. Со упорност и труд, за кратко време можете да станете мајстори во овој занает, и да имате одлично работно место со повеќе од пристојна заработка.

Аплицирајте на нашите отворени позиции: https://agileprosolutions.com/openpositions/

Тагови: Agile Pro Solutions

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »