Промовирани огласи »

Авто-школите удрија со нови цени: Возачка дозвола станува луксуз за многумина

За да станете возач сега ви требаат над 33.000 денари

Од 1 ноември стапија во сила нови, значително повисоки цени за обука во авто-школите во Македонија. Здружението на авто-школи донесе одлука за поскапување од 35%, со што комплетната обука за Б категорија се зголеми од 24.500 на 33.000 денари, односно за 8.500 денари.

Колку чини да станете возач?

Според новите ценовници, основната обука за Б категорија вклучува:

  • Теоретска настава (20 часа): 4.500 денари
  • Практична настава (36 мото часа): 28.500 денари
  • Три посети на полигон: 250 денари по час
  • Користење возило за прв и втор практичен испит: 1.500 денари за секое полагање
  • Дополнителен час за возење: 1.000 денари
  • Лекарско уверение: 1.200 денари

Во зависност од брзината на напредокот, вкупната сума може да ја надмине и границата од 36.000 денари.

Цени и за другите категории

Слични корекции има и кај останатите категории:

  • А категорија: 24.000 денари
  • БЕ категорија: 15.000 денари
  • Ц категорија: 32.000 денари
  • ЦЕ категорија: 25.000 денари
  • Д категорија: 40.000 денари

Дополнителните часови чинат до 2.000 денари, а користењето на возило за испит се наплаќа различно – на пример, 2.400 денари за А категорија, 2.000 денари за Ц категорија, 2.500 денари за ЦЕ.

Авто-школите: „Трошоците нѐ принудија на ова“

Сопствениците на авто-школите велат дека цената не е менувана повеќе од една деценија, а трошоците за работа драматично пораснале.

Веќе неколку години обучуваме возачи за 24.500 денари, но растат трошоците за гориво, сервисирање, одржување и техничка опрема. Главен проблем се трошоците кои што растат,  ја оправдуваат својата одлука авто-школите.

Младите револтирани: „Станува луксуз да се стане возач“

Младите кои се подготвуваат за полагање велат дека новите цени сериозно го оптоваруваат семејниот буџет.

Велат дека за да земат обука и да полагаат треба да подигнат кредит затоа што сумата е и претерано висока.

Тагови: возачка дозвола цени авто-школите

Промовирани огласи »

Еве каде загаденоста е највисока денес во Македонија

Погледнете кои македонски градови денес се со најголема концентрација на ПМ10 честички според најновите податоци.

Најновите мерења на ПМ10 честички покажуваат дека највисоко ниво на загадување денес е измерено во Кавадарци со вредност од 174, што спаѓа во категоријата многу висока концентрација на честички. Потоа следуваат Струмица со 112 и Гостивар со 90, каде исто така е регистрирано покачено загадување.

Во останатите градови состојбата е подобра: во Тетово се измерени 87, Гевгелија 66, а Скопје 51, додека концентрациите се најниски во Охрид (23) и Лазарополе (8). Граѓаните се препорачуваат да бидат внимателни, особено во градовите со поголемо загадување.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 09ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

14µg/m3Ректорат
11µg/m3Лисиче
6µg/m3Миладиновци
4µg/m3Центар
2µg/m3Карпош
2µg/m3Гази Баба

Македонија

51µg/m3Кавадарци
44µg/m3Струмица
30µg/m3Гевгелија
13µg/m3Гостивар
11µg/m3Битола
9µg/m3Велес
8µg/m3Тетово
8µg/m3Кичево
6µg/m3Куманово
6µg/m3Охрид
0µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Agile Pro Solutions: Како секој може да стане експерт за продажба

Agile Pro Solutions: од почетници до врвни експерти во продажба

Јас сум Јусуф Мустафи. Неколку години поминав во Авганисран и Ирак, работејќи за Американската војска. Стекнав незаменливо искуство во исклучително опасна и напорна средина, што ми помогна да се изградам и како личност и како професионалец.

По завршувањето на таа, слободно можам така да се изразам, животна авантура, се вратив во Македонија. Сосема случајно налетав на огласот за продажен агент за банкарски услуги во Agile Pro Solutions. Компанијата штотуку отвори нова канцеларија во Тетово, и по неколкунеделната обука во канцеларијата во Скопје, јас и моите колеги започнавме со работа. Почетокот беше навистина тежок, и за себе мислев дека сум, за ваква работа, безнадежен случај. Неколку пати бев на работ на откажување, но комбинацијата на напорна работа, упорност од манаџерот и секако, нашиот локален инает ме натераа да издржам. Во неполна цела година, јас бев веќе унапреден во „Expert Level„ и сум навистина горд на моите достигнувања за точно веќе една година.

Заработката е добра, и иако работното време е константна „втора смена„ заради америчкиот пазар на кој функционираме, слободните викенди и претпладниња си имаат повеќе предности отколку недостатоци. За крај би сакал на сите кои зборуваат добар англиски и се комуникативни личности, да им препорачам да се пробаат во продажба на американскиот пазар. Со упорност и труд, за кратко време можете да станете мајстори во овој занает, и да имате одлично работно место со повеќе од пристојна заработка.

Аплицирајте на нашите отворени позиции: https://agileprosolutions.com/openpositions/

Тагови: Agile Pro Solutions

Промовирани огласи »

HR Револуција: Од администратор до стратешки партнер

Оваа HR промена ги менува сите правила во компаниите!

Светот на човечките ресурси доживува најголема трансформација досега. Од улога која традиционално беше фокусирана на администрација, договори и документација – HR професионалците денес стануваат клучни стратешки партнери во развојот на компаниите.

Според современите HR трендови, успехот на организациите сè повеќе зависи од способноста на HR секторот да управува со талент, да предвидува потреби, да гради организациска култура и да го поддржи растот преку податоци и аналитика. Оваа промена не е само технолошка, туку и ментална – HR професијата се движи од оперативно извршување кон проактивно водење.

Компаниите кои го препознаваат HR како стратешки партнер веќе бележат подобрена продуктивност, поефикасни процеси на регрутација, повисока мотивација на вработените и поголема задржливост на талентот. Новата улога на HR подразбира учество во донесување одлуки, планирање на организациски промени и креирање политики кои го поддржуваат долгорочниот развој.

Како резултат, HR професионалците денес се повеќе од администратори – тие се двигатели на организациската стратегија, иновации и култура. HR револуцијата е во тек, а компаниите кои ќе ја прифатат најбрзо ќе ја почувствуваат предноста на современото управување со човечки ресурси.

Прочитајте и за: AI ни ја зема работата или ни ја олеснува?

Тагови: HR HR трендови

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »