Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, истакна дека Синдикатот направил многу за работниците, потенцирајќи го фактот дека 600 илјади работници добиле право на регрес.
И ќе речат, што направил синдикатот за нас !
А сите работници - 600.000 работници добиле право на регрес за годишен одмор (К-15), а за ова право се избориле само 10% од нив, а го уживаат 100% од нив, или само 1 на 10 работници се бори, а 9 ги уживаат правата за кој се изборил овој 1 и го критикуваат дека е малку !
Замисли колку ќе беше износот на К-15 ако 9 од 10 работници беа членови на ССМ и 9 од 10 работници се бореа заедно со ССМ затоа што силата на работниците е во нивната бројност организирани во синдикат, наспроти моќта на капиталот и политичката моќ.Или, членовите го финансираат колективното договорање и ја финансираат синдикалната акција (протестите и штрајковите), а придобивките ги уживаат сите!?
Во јавниот сектор за прв пат, право на К-15 добија вработените во образование, здравство, полиција, армија и многу други.Во 80% од случаите во приватниот сектор каде што ССМ има свои членови, регресот за годишен одмор со колективен договор на ниво на работодавач е утврден во висина од 100% од просечната плата и истиот веќе е исплатен, што треба да претставува причина повеќе работниците во приватниот сектор да се приклучат во ССМ !
Таму каде што ССМ има членови, има и К-15, има и почитување на Колективните договори, а таму каде што нема синдикат, газдите си мислат дека можат да газат преку работниците и затоа ССМ ги охрабрува сите работници во приватниот и јавниот сектор да се приклучат кон синдикатот и да си ги заштитат своите права, бидејќи никое од работничките права не им е подарено, за секое од нив се имаме изборено, напиша тој.
Тагови: К-15 ССМ Слободан Трендафилов