Промовирани огласи »

Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај на 20 и 24 октомври - контролорите на летање најавија штрајк

Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен за сообраќај на 20 и 24 октомври, поради најавен штрајк на контролорите на летање.

Македонскиот воздушен простор на 20 и 24 октомври ќе биде целосно затворен поради штрајк на контролорите на летање, соопштија од Синдикатот на контролори на летање (ССКЛМ).

Менаџментот на М-Нав не ги исполнил дадените ветувања, а Синдикатот бараше директорите на контролата на летање да запре со партиските вработувања во М-НАВ, да добие одобрување од Министерството за финансии за оглас за вработување на контролори на летање и инженери, како и распишување тендер за избор на меѓународна независна агенција која ќе изработи анализа за моменталната состојба и за неопходните кадри за нормално функционирање на друштвото.

Иако првично штрајкот беше закажан за 10 јули, контролорите одлучија да го одложат поради извесни придвижувања во исполнување на барањата. Сепак поради застојот во процесот, тие сега повторно застануваат цврсто зад своите ставови.

Од Синдикатот  велат дека 20 октомври е избран како почетен датум по завршувањето на локалните избори, за да не се дозволи на раководството на М-НАВ да ја искористи ситуацијата и да го етикетира штрајкот како политички мотивиран.

Синдикалците дополнително предупредуваат и на притисоци врз вработените од страна на раководството на М-НАВ, со цел да се спречи нивното учество на претстојните состаноци на синдикатите.

КЛУЧНИТЕ БАРАЊА НА СИНДИКАТОТ

  • прекин на партиски вработувања во М-НАВ,
  • одобрување за нови огласи за вработување контролори на летање и инженери,
  • распишување тендер за избор на независна меѓународна агенција која ќе изготви функционална анализа на потребите на претпријатието.

Тагови: ТАВ Македонија ССКЛМ

Промовирани огласи »

Најдобри есенски јакни за 2025: водич за стил и удобност

Есенската сезона е совршено време да ја освежите гардеробата со стилска, практична и топла јакна.

Есенската сезона е совршено време да ја освежите гардеробата со стилска, практична и топла јакна. Од класични модели до модерни трендови – оваа есен нуди одличен избор за секој вкус. Ви ги претставуваме 3-те најдобри јакни за оваа сезона.

1. Кожна јакна

Вечен класик што никогаш не излегува од мода. Совршена е за комбинирање со фармерки, чизми или дури и елегантен фустан.

2. Тренч мантил

Елегантен и практичен за дождливите есенски денови. Лесен за стилско комбинирање – било во канцеларија или за вечерно излегување.

3. Пухена јакна

За оние што сакаат удобност и топлина, пухените јакни се задолжителни. Оваа есен се модерни и пократки, урбани модели во живописни бои.

Оваа есен ќе владеат комбинации на класика и модерни трендови. Без разлика дали ќе се одлучите за кожна јакна, елегантен тренч или практична пухенка – важно е да изберете модел што одговара на вашиот стил и потреби. Со вистинската јакна, ќе бидете и топли и стилски во текот на целата сезона.

Тагови: есен мода тренд јакни

Промовирани огласи »

Вработување во Телекабел, Лидл и СЕТЕК!

Огласи за работа во Телекабел, Лидл и СЕТЕК!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Магна Интернешнл Инк. е водечки глобален автомобилски добавувач посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
PROCESS ENGINEER

Повеќе од 26 години Телекабел е единствената голема компанија со 100% домашен капитал во телекомуникацискиот сектор.

Моментално вработува:

МОНТЕР – КОЧАНИ
МОНТЕР – ШТИП
МОНТЕР - СКОПЈЕ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија да ги најдете ТУКА.

НЛБ Груп е најголемата банкарска и финансиска групација во Словенија и најголемата финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во нашиот матичен регион - Југоисточна Европа.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ - СПЕЦИЈАЛИСТ
ЛИЦЕ ЗА КОНТРОЛА НА УСОГЛАСЕНОСТ НА РАБОТЕЊЕТО НА БАНКАТА СО ПРОПИСИТЕ

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТ
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР

ФАРМАЦЕВТ – ЧАИР
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР – ЧАИР
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - 3ТА СМЕНА - НАС.АЕРОДРОМ
ФАРМАЦЕВТ - 3ТА СМЕНА - НАС.АЕРОДРОМ

Алкалоид AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. 

Моментално вработува:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК ЗА РЕГИОНОТ НА СКОПЈЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди. 

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА
АНАЛИТИЧАР БИЛАНСИСТ ЗА ПРОДАЖБА

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ (БЕЗ ЛИЦЕНЦА)
КОПИРАЈТЕР / СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КРЕИРАЊЕ МЕДИУМСКА СОДРЖИНА
ЕКСПЕРТ ЗА HACCP
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. 

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Тајната на пократкиот работен ден со иста ефикасност

Помалку часови, повеќе резултати – дали е возможно?

Во свет каде што „пополни часови“ често се изедначуваат со продуктивност, сè повеќе истражувања и практики покажуваат дека долгиот престој на работа не значи и повеќе резултати. Напротив, пократкиот работен ден може да биде подеднакво ефикасен – ако се применат вистинските стратегии.

Фокус наместо мултитаскинг

Една од најголемите тајни е елиминацијата на непотребниот мултитаскинг. Наместо да се распрснувате на повеќе страни, концентрирајте се на една задача во даден момент. Кога вниманието е фокусирано, задачите се завршуваат побрзо и со помалку грешки.

Приоритети пред сè

Не сите задачи имаат иста тежина. Краткиот работен ден ве тера да ги одредите приоритетите: што е навистина важно и што носи најголема вредност? Кога се фокусирате на клучните активности, продуктивноста останува стабилна и покрај намалените часови.

Елиминација на „крадците на време“

Долгите состаноци, непотребните е-пораки и честите прекини се главни виновници за изгубени часови. Со подобра организација и јасна структура, тие можат да се сведат на минимум, оставајќи повеќе време за реалната работа.

Одмор за повеќе енергија

Кратките паузи во текот на денот и балансираниот ритам овозможуваат поголема концентрација. Наместо исцрпување до крајот на денот, енергијата се распоредува подобро, што резултира со повисока ефикасност.

Тајната на пократкиот работен ден не е во намалувањето на трудот, туку во неговото оптимизирање. Кога се работи паметно – со јасни приоритети, фокус и дисциплина – резултатите не само што остануваат исти, туку често и се подобруваат. На крајот, помалку часови може да значи повеќе живот, а продуктивноста да остане недопрена.

Прочитајте и за: Како да ја претворите комуникацијата во најголема предност на вашето работно место

Тагови: HR работни вештини работни навики совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »