Промовирани огласи »

По Франција, уште една европска земја сериозно ќе го ограничи пушењето на јавен простор

Но, дали ова ќе им одговара на туристите?

Шпанската влада го усвои нацрт-законот кој предвидува големи ограничувања за пушењето на јавен простор, односно промена што може сериозно да го смени искуството на милиони туристи што ја посетуваат земјата секоја година.

Законот сега треба да помине во парламентот и може да претрпи измени, но ако биде усвоен, Шпанија ќе им се придружи на земјите како Франција кои веќе забранија пушење на многу јавни места. 

Со законот би се забранило пушењето и користењето на електронски цигари на плажи, спортски објекти, тераси во ресторани и барови, како и на детски игралишта и автобуските станици.

Секој има право да дише чист воздух и да живее подолг и поздрав живот, изјави министерката за здравство Моника Гарсија.

Иако целта е заштита на јавното здравје, угостителите реагираат дека мерката ќе ја погоди традицијата на јадење и дружење на отворено, која е дел од шпанската култура.

Пушењето во затворени простории во Шпанија е забрането уште од 2011 година, но оваа нова мерка би значела дополнително ограничување за љубителите на тутунот.

Според официјалната статистика, болестите поврзани со тутун одземаат повеќе од 50.000 животи годишно во Шпанија.

Франција забрани пушење на плажите, парковите, автобуските станици и површините пред библиотеките, базените и училиштата.

Тагови: забрана за пушење Франција цигари

Промовирани огласи »

КАМЕРИТЕ ЌЕ „ЛОВАТ“ ОД 1 ЈАНУАРИ – повисоки глоби, негативни поени и одземање на возачка!

Измените носат и построги санкции за возачите со повеќекратни прекршоци

Собранието ги изгласа измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кои од 1 јануари следната година започнува автоматско казнување преку камери и технички уреди за снимање.

Новите правила предвидуваат дека прекршителите ќе добиваат не само глоби, туку и негативни поени – а во некои случаи и двете истовремено. Глобите за потешките прекршоци ќе бидат и до трипати повисоки од досегашните.

Измените носат и построги санкции за возачите со повеќекратни прекршоци: доколку во последните четири години имаат најмалку две правосилни забрани за управување со моторно возило, судот ќе им изрече престанок на важење на возачката дозвола. Во таков случај, возачот нема да може повторно да полага за истата категорија најмалку 12 месеци.

Со измените е целосно уреден и процесот на доставување на судските одлуки и соработката меѓу МВР и судовите, со цел побрзо и поефикасно санкционирање.

На седницата беа изгласани и закони со европско знаменце, меѓу кои измените во Законот за енергетска ефикасност, Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на јавните институции.

Тагови: МВР сообраќаен прекршок камери

Промовирани огласи »

Gen Z се насочува кон управување: Популарноста на мастер по менаџмент расте

Се повеќе млади дипломци се насочуваат кон мастерите по менаџмент за да станат поконкурентни на пазарот на труд, во услови на нестабилен пазар и автоматизација.

Студентите од Генерација З, без многу работно искуство се соочуваат со нестабилен пазар на труд кој е исполнет со „призрачни“ работни места и автоматизација од страна на вештачка интелигенција. Одговорот на овој предизвик масовно ги насочува младите надежни идни професионалци кон мастерите по менаџмент. Во академската 2024–25 година, 69% од универзитетите бележат зголемен интерес за овие студии, кои не бараат работно искуство ниту бизнис диплома.

Според извештај од Graduate Management Admission Council (GMAC), мастерите по менаџмент, кои овозможуваат развој на основни вештини за управување и лидерство, се втората најпопуларна 'пре-искуствена' магистерска патека, по мастерите по сметководство кои минатата година забележаа пораст од 71%.

Апликациите за MBA програмите, кои често бараат повеќегодишно работно искуство, лани бележат само 34% пораст. Овие програми се помалку достапни за Генерација З, поради зголемената конкуренција за почетни работни позиции, што ги отежнува условите за прием.

Програмите за мастер по менаџмент привлекуваат многу дипломци благодарение на флексибилните услови за прием, без потреба од работно искуство или бизнис диплома. Типичната програма во САД има медијален процент на прием од 71%, додека тој процент на Европскиот континент изнесува 53%, според GMAC.

Побарувањата на пазарот на труд за младите дипломци се сериозни, бидејќи многу компании решаваат да ги намалат трошоците преку автоматизација и намалување на вработените. Според извештајот на Challenger, Gray & Christmas компаниите најавија повеќе од 806,000 отпуштања од работа до јули 2023 година, што претставува 75% зголемување од претходната година.

Тагови: образование

Промовирани огласи »

Вработување во Клиничка болница Жан Митрев, Уника Лајф и DoubleTree by Hilton!

Огласи за работа во Клиничка болница Жан Митрев, Уника Лајф и DoubleTree by Hilton!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Прв приватен универзитет-ФОН. Како резултат на значителниот подем во својот развој и големиот интерес за едукација, ФОН-Универзитетот освен во Скопје отвора три диспанзирани одделенија во Струмица, Гостивар и Струга.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ НА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

Клиничката болница Жан Митрев, на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.

Моментално вработува:

МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ЗА ОДДЕЛОТ НЕОНАТОЛОГИЈА

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија да ги најдете ТУКА.

Откако е лансиран во 1996 година брендот Интимисими го освои пазарот за долна облека благодарение на својата спецфичност и стил, брзо станувајќи водечки бренд во својата индустрија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Skopje Marriott Hotel е луксузен хотел со 5 ѕвезди, сместен во самиот центар на Скопје, на плоштад „Македонија“. Хотелот комбинира модерен дизајн со елегантен стил и нуди врвна услуга за деловни патници и туристи.

Сите огласи од Skopje Marriott Hotel да ги најдете ТУКА.

УНИКА е присутна 20 години преку своите две друштва за осигурување – УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, со што на нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ВО СЕКТОР ШТЕТИ

DoubleTree by Hilton Skopje е модерен хотел со 5 ѕвезди, сместен покрај реката Вардар, на само неколку минути од центарот на градот.

Моментално вработува:

РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
ГОТВАЧ/КА
ПОМОШНИК КЕЛНЕР/КА
КЕЛНЕР/КА

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Сите огласи од Жито Маркети можете да ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »