Промовирани огласи »

Поскапуваат горивата - ова се новите цени од полноќ

Ова се новите цени! 👇

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 % во однос на одлуката од 18.8.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,985%, кај дизелот за 1,915%, кај екстра лесното масло за 1,244% и кај мазутот намалувањето е за 1,246%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230%.

Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 38,265 (денари/килограм)
  • Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
  • Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден/кг и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

БЕРЗИТЕ РАСТАТ ПО НАЈАВАТА НА ПАУЕЛ - се зголеми и вредноста на доларот

🔴 Азиските берзи го следат растот на Волстрит

Азиските берзи со почетокот на новата недела доживеаа нов подем, а истото се случи и на Волстрит во петокот, како резултат на изјавата на претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел дека наскоро може да се очекува намалување на каматните стапки.

Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион порасна за 1,1 процент во 7:00 часот наутро.

Во исто време, цените на акциите во Индија, Јапонија, Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг пораснаа помеѓу 0,1 и 2,1 процент.

Така, азиските берзи го следат растот на Волстрит во петок, кога најголемата берза во светот беше охрабрена од претседателот на американската централна банка, кој во Џексон Хоул изјави дека се приближува времето за прилагодување на монетарната политика.

Ова на пазарот беше протолкувано како сигнал дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки во септември, па затоа индексите на берзата силно пораснаа и ја затворија неделата со добивки.

Оваа недела, од друга страна, фокусот на инвеститорите ќе бидат податоците за инфлацијата во САД, а се очекува цените да растат поради воведувањето царински давачки.

Пазарите оваа недела би можеле значително да бидат погодени од кварталните деловни резултати на најголемата светска компанија по пазарна вредност, Nvidia.

Доларот зајакна, цените на нафтата пораснаа

И на валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, по падот од минатата недела.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, зајакна утрово за 0,13 проценти, на околу 97,84 поени.

Во исто време, цената на еврото се лизна за 0,06 проценти, на 1,1705 долари.

Американската валута зајакна во однос на јапонската, па курсот на доларот достигна 147,25 јени, околу 0,2 проценти повисоко отколку што беше во петокот навечер.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа, продолжувајќи го позитивниот тренд од минатата недела. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово порасна за 0,16 проценти, на 67,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,17 проценти, на 63,75 долари.

Тагови: берза долар Волстрит

Промовирани огласи »

Достапни ќе бидат на над 200 локации: Тагови за патарини ќе може да се купат и на други места, не само од патарините

Тагови за патарини ќе може да се купуваат и на други места, не само од патарините.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски изјави дека тагови за патарини ќе може да се купуваат од повеќе места, а не како досега, само од патарините.

Работиме многу на патарините, кои се важен фактор. Веќе заврши повикот, во фаза сме на потпишување на договори, за да се зголеми проточноста на патарините. Од сегашните 40.000 тагови кои може да се купат само на патарините и во Јавното претпријатие, ќе биде една мрежа од 200 до 500 места кои можат да се купат. Очекуваме бројот на тагови да се зголеми од 40.000 на 200.000, што ќе овозможи подобро функционирање на патарините, рече Трајановски.

Тагови: патарини тагови за патарини

Промовирани огласи »

Што нè чека денес во? Времето ќе ве изненади!

Сончевото утро е само најава – еве како ќе заврши денот!

Сончево и стабилно време, кое постепено ќе премине во топол летен ден. Атмосферските услови се поволни, без најави за врнежи или силен ветер, што значи дека неочекувани промени во времето не се предвидуваат.

Пред нас е идеален летен ден – доволно топол за активности на отворено, но без екстремни температури. Препорака е да ги искористите утринските и вечерните часови за прошетки и обврски, додека во попладневните најтопли часови (13–17 ч) најдобро е да останете во сенка или во затворен простор. Со оглед дека вечерта ќе биде пријатна и ведра, денот е одличен за релаксација или дружење на отворено.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »