Промовирани огласи »

Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка

Полицијата наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со набавка на нова генерација брзи тестови за дрога преку плунка. Ова се деталите! 👇

Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со набавка на нова генерација брзи тестови за дрога преку плунка, дознава порталот 4NEWS.mk.

Како што пренесува порталот, станува збор за брзи имунохроматографски тестови, специјално наменети за употреба од овластени службени лица без потреба од медицинско предзнаење. Тестовите се едноставни за употреба и овозможуваат земање примерок за помалку од една минута, со неинвазивен метод – преку орален брис или апликатор. Резултатите се видливи за максимум 10 минути, без употреба на дополнителна електронска опрема.

Според техничките спецификации, новите тестови ќе овозможат детекција на шест видови психоактивни супстанции: тетрахидроканабинол (THC), кокаин, амфетамин и метамфетамин, опијати како морфин и хероин, екстази (MDMA) и бензодиазепини.

Овие тестови се произведени во согласност со европските стандарди, имаат CE сертификација за ин витро дијагностика и ISO 13485 сертификат за квалитет на медицински уреди. Дополнително, потврдено е нивното користење во полициски и други институции за спроведување на законот.

Министерството бара тестовите да имаат рок на траење од најмалку 12 месеци, да бидат индивидуално пакувани и јасно означени со рок на употреба, серија и производител. Добавувачот, доколку е потребно, ќе обезбеди и бесплатна обука за полициските службеници за правилна примена и читање на резултатите.

Испораката на тестовите се очекува најдоцна 30 дена по потпишувањето на договорот, а документацијата и упатствата ќе бидат достапни и на македонски јазик.

Со оваа набавка, МВР ќе има на располагање современи и сигурни средства за проверка на возачите, со што значително ќе се придонесе кон зголемување на безбедноста на патиштата.

Тагови: полициски службеници тестови за дрога

Промовирани огласи »

САД ги проверуваат сите носители на визи: „Веднаш ќе им ги укинеме на возачите на камиони“

Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД

САД ги прегледуваат сите носители на американски визи за да утврдат дали ги прекршиле условите за влез или престој во земјата, јавуваат американските медиуми. Портпарол на Стејт департментот изјави за Асошиејтед Прес дека повеќе од 55 милиони луѓе со американски визи ќе бидат предмет на „континуиран преглед“.

Визите ќе бидат поништени, а оние во САД ќе се соочат со депортација доколку има докази за „пречекорување на дозволениот престој, криминална активност, закани за јавната безбедност, учество во каква било форма на терористичка активност или давање поддршка на терористичка организација“, рече функционерот.

Претседателот Доналд Трамп ја направи борбата против имиграцијата централен дел од својата втора администрација, од масовни депортации и целосни забрани за патување во некои земји до одземање на 6.000 студентски визи.

Идните студенти и посетителите на САД ќе бидат проверувани на социјалните медиуми, а службениците ќе бараат „какви било индикации за непријателство кон луѓето, културата, владата, институциите или фундаменталните принципи на Соединетите Американски Држави“.

Службениците на Стејт департментот добија инструкции да ги забележат лицата „кои се залагаат за, помагаат или поддржуваат странски терористи и други закани за националната безбедност или оние кои се вклучуваат во антисемитско вознемирување или насилство“.

Најновото соопштение доаѓа откако државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД „веднаш“ ќе ги суспендираат работните визи за возачите на камиони.

Сè повеќе странски возачи на големи камиони со приколки на американските патишта ги загрозуваат американските животи и ја поткопуваат егзистенцијата на американските возачи на камиони, објави Рубио вчера на Икс.

Тагови: визи Доналд Трамп САД

Промовирани огласи »

Знаци дека вашата компанија навистина се грижи за вработените

Добра плата не е доволна – вистинските компании покажуваат грижа на други начини. Еве 3 знаци дека работите во фирма која навистина се грижи за вас.

Во денешно време, не е доволно компанијата да нуди само плата. Вработените бараат култура на грижа, доверба и почит. Еве три знаци дека навистина работите во фирма која се грижи за вас:

✨ 1. Поддршка за ментално и физичко здравје – Компаниите кои нудат флексибилно работно време, денови за одмор по потреба и здравствени иницијативи покажуваат дека добросостојбата на вработените им е приоритет.

🤝 2. Отворена комуникација и транспарентност – Ако менаџментот редовно ги слуша вашите мислења, вклучува вработени во донесување одлуки и дели информации искрено, тоа е знак на вистинска грижа.

🚀 3. Вложување во развој и напредок – Обуки, менторство и јасен пат за кариера значат дека вашата иднина е важна за компанијата, а не само вашата моментална улога.

✅ Кога компанијата покажува грижа на овие начини, не станува збор само за работа – станува заедница каде луѓето можат да растат и да се чувствуваат вреднувани.

Тагови: работно место

Промовирани огласи »

Вработување во Шпаркасе Банка, Фитнес Хаус и Пивара Скопје!

Огласи за работа во Шпаркасе Банка, Фитнес Хаус и Пивара Скопје!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА
ОПШТ РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП

Magna International Inc. е водечки глобален автомобилски добавувач посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што го менуваат светот.

Моментално вработува:

QUALITY ENGINEER
TOOL SETTER – INJECTION

Фитнес Хаус е специјализиран ресторан за здрава и фитнес исхрана во Скопје, основан во 2015 година со цел да понуди брза, но нутритивно избалансирана храна за луѓе со активен начин на живот.

Моментално вработува:

САЛАТЕР/КА – АЕРОДРОМ
САДОМИЈАЧ/КА – АЕРОДРОМ
ПОМОШНИК/ЧКА ВО КУЈНА – ЦЕНТАР
САЛАТЕР/КА - ЦЕНТАР

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе. 

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕТИКЕТИРАЊЕ И ПРЕВОД
ЕКСПЕРТ ЗА HACCP
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ - ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ - ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК, ЦВЕЌИЊА И РАСТЕНИЈА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА МАРКЕТИ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - РЕОН СТРУМИЦА
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР ЗА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ
ВОЗАЧ - ДИСТРИБУТЕР

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата.

Моментално вработува:

БЛАГАЈНИК – ПОМЛАД СОРАБОТНИК

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Сите огласи од Жито Маркети можете да ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »