Промовирани огласи »

Нов Зеланд е лидер во рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот: Законскиот минимум е 32 дена одмор и 26 недели платено породилно отсуство.

Во денешниот брз свет, постигнувањето здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот станува сè поважно - и за менталното здравје на поединецот и за долгорочната продуктивност на општеството.

Ирска е на врвот на листата

Глобалниот индекс за рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот за 2025 година ги рангира земјите според тоа колку ефикасно ја поддржуваат оваа рамнотежа. Најновите резултати покажуваат дека земјите кои успешно ја комбинираат високата продуктивност со силни социјални политики, како што се Нов Зеланд и Ирска, се на врвот на листата, додека скандинавските земји се издвојуваат како апсолутни лидери во оваа област.

Индексот зема предвид различни фактори - од бенефиции за породилно отсуство, платено отсуство, минимална плата, пристап до здравствена заштита, до нивоа на безбедност и општа среќа кај граѓаните - за да даде сеопфатна слика за квалитетот на животот на работното население.

Нов Зеланд го освои првото место со резултат од 86,9 од можни 100. Во таа земја, минималната часовна плата е 16,42 долари (околу 14 евра), работниците имаат право на дури 32 дена законски платен одмор, како и 26 недели целосно платено породилно отсуство.

Тие нудат слични бенефиции

Ирска е веднаш зад неа, која нуди слични бенефиции - вклучувајќи бесплатно здравствено осигурување и високи минимални плати. Општо земено, земјите со развиени социјални системи пријавуваат поголемо задоволство на вработените, подобро ментално здравје и повисок квалитет на живот.

Норвешка, Данска и Финска исто така се рангираат високо на листата благодарение на дарежливите програми за платено отсуство и сеопфатната здравствена заштита. Норвешка, на пример, нуди дури 49 недели целосно платено породилно отсуство.

Овие земји со години постигнуваат високи оценки во глобалните индекси за среќа и квалитет на живот, што е директна последица на долгорочните инвестиции во социјалното осигурување и поддршката на семејството.

Тагови: Нов Зеланд работници

Промовирани огласи »

Конфликт на работа? Еве како да го решите без драма

Секогаш имаш тензии со колегите? Еве што правиш погрешно

Несогласувањата на работа се неизбежни – особено кога различни луѓе со различни ставови, стилови на работа и темпераменти работат под притисок. Но конфликтот не мора да значи „војна“. Напротив ако се решава правилно, може да резултира со подобро разбирање и посилна тимска врска.

1. Дишете длабоко и не реагирајте импулсивно

Првата реакција често е емоционална – но првите 5 секунди се клучни. Наместо да возвратите со иста мера, земете здив и бројте до 5. Со тоа избегнувате непотребно влошување.

2. Разберете ја другата страна

Секогаш постои причина зошто некој реагира така. Наместо да се навредите, обидете се да разберете што стои зад зборовите. Прашајте: „Како можеме заедно да го решиме ова?“ – тоа веднаш ја смирува ситуацијата.

3. Фокусирајте се на проблемот, не на личноста

Наместо: „Ти секогаш доцниш!“ – кажете: „Кога се доцни, ми е тешко да го испланирам мојот дел од работата.“ Фокусирајте се на однесувањето, не на карактерот.

4. Изберете вистинско време и место

Немојте да решавате конфликт во ходник, на состанок или преку мејл. Закажете разговор во приватна атмосфера, кога емоциите се смирени.

5. Договорете се за следни чекори

Откако ќе се искажете, важно е да се договорите како ќе продолжите понатаму – кој што ќе направи, за да не се повтори истата ситуација.

На крајот: Разговорот не е слабост, туку сила

Конфликтите се можност за раст – ако ги третирате како разговор, не како напад. Колку порано научите конструктивно да комуницирате, толку побрзо ќе изградите здрави односи – не само на работа, туку и во животот.

Немате работно искуство, прочитајте и за: Прв чекор во кариерата: Што да правите ако немате искуство?

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

10 тивки навики што градат непоколеблива кредибилност

Кредибилноста не се гради преку големи зборови или гласни настапи – туку низ секојдневни, тивки и доследни однесувања

Кредибилноста не се гради преку големи зборови или гласни настапи – туку низ секојдневни, тивки и доследни однесувања. Луѓето на кои им веруваме најмногу често не се најгласни, туку најстабилни. Еве 10 суптилни навики што полека, но сигурно, градат длабока доверба и почит:

Зборувајте убаво за другите кога не се присутни
🔹 Избегнувајте сарказам кога "микрофонот е исклучен".
🔹 Кажувајте работи кои би ви било драго да ги чујат и самите.

Секогаш стигнувајте 2 минути порано, не 2 минути во паника
🔹 „Доаѓам со задоцнување“ не е имиџот што сакате да го создадете.
🔹 Точноста покажува: „Твоето време ми е важно“.

Направете да се чувствуваат запаметени
🔹 Не климајте само со глава – забележете детали.

Извинете се како возрасна и зрела личност
🔹 Не кажувајте „Извини, ама...“
🔹 Наместо тоа: „Во право си. Не постапив како што треба.“

Не преземајте туѓа итност како ваша
🔹 Тукаѓа криза не мора да стане ваша.
🔹 Сопраете, вдишете, проценете колку навистина е итно.

Кажете што ќе направите – и направете го
🔹 Не дозволувајте „Извини за доцнењето!“ да стане ваша честа реплика.
🔹 Довербата се гради преку доследност.

Признајте што не знаете
🔹 Никој не очекува да сте експерт за сè.
🔹 Кажете: „Тоа не е моја област. Кого можеме да прашаме?“

Помогнете другите да блеснат повеќе од вас
🔹 Не го монополизирајте вниманието и идеите.

Прифатете критика со достоинство
🔹 Првата реакција не мора да биде одбрана.
🔹 Наместо тоа: „Ова е корисно. Кажи ми повеќе.“

Направете луѓето да се чувствуваат прифатено
🔹 Не бидете топли само со луѓе што имаат титули.
🔹 Љубезноста кон сите е основа на добар бизнис и силна репутација.

Кредибилноста не се гради преку спектакуларни гестови, туку преку мали, конзистентни избори што ги правите секој ден. Бидете личност која држи до збор, покажува почит, и ја остава другата страна да се чувствува слушната и ценета – без преголем напор, но со многу интегритет.

Тагови: работни навики кредибилност

Промовирани огласи »

БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници

МВР објави оглас за прием на 150 нови полициски службеници. Ова се условите! 👇

Министерството за внатрешни работи утрово го објави Огласот за прием на 150 нови полициски службеници.

Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај ги граѓаните. Поседуваш храброст, солидарност и чесност. Висок морал, интегритет и дисциплина. Ако тоа се твоите човечки квалитети тогаш полицијата е вистинскиот избор за тебе. Улогата на полицијата е клучна во едно општество бидејќи таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се основа за напредок и економски просперитет на државата и сите граѓани во неа, истакнаа од МВР во објавата на социјалните мрежи.

Полицијата работи на спречување, откривање и санкционирање на сите видови криминал. Затоа биди меѓу најдобрите, биди секогаш прв, биди полицаец.

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани полициски службеници. Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец. Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука.

Обучувачите и менторите кои се квалификувани експерти во своите области, ќе бидат секојдневно со тебе додека ги усвојуваш правните и другите теориски знаења, полициското делување и тактики и сите други практики со кои изобилува полициската обука. Обуката се одвива во Центарот за обука на министерството за внатрешни работи кој се стреми да биде еден од најдобрите и најелитни центри за обука во Европа. Центарот кој е со стекнати меѓународни акредитации ќе те подготви максимално професионално да ја извршуваш полициската професија. Преку следење на современите трендови, центарот постојано се унапредува за врвна професионална едукација и специјализации на вработените во безбедносните структури, со имплементација на најдобрите практики и меѓународни искуства од врвните европски и светски полициско безбедносни стандарди. Овде е вистинското место за сите млади и амбициозни луѓе со желба за личен професионален развој и напредок.

„Затоа, пријави се и ти на огласот за нови полициски службеници. Биди полицаец. Успехот секогаш зависи само од тебе. Оствари го својот сон. Биди заштитник на семејството, најблиските, граѓаните и татковината. Биди борец против криминалот и чувар на редот. Биди дел од македонската полиција! Биди полицаец, велат од МВР.

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16 и 21/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19 и 275/19, 110/21 и 89/22) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на Република Македонија” бр. 114/06, 6/09, 145/12, 41/14, 33/15, 31/16, 106/16, 120/16, 21/18 и 64/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.294/21 и 89/22), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на Република Македонија“ бр.8/15 и 130/16, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.125/22), Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

I. За засновање на работен однос на 150 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

1. во Сектор за внатрешни работи Скопје ------------------------------------ 150 извршители.

1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;
  • активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
  • со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;
  • да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
  • да е здравствено и психофизички способен;
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
  •  да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и
  • да има положено тест за интегритет.

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

  • потребна телесна висина од најмалку 170 см. (маж), односно 160 см. (жена)
  • висока лична физичка подготвеност.

3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:

  • извод од матична книга на родените,
  • диплома за завршено четиригодишно средно образование и
  • две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

Сектор за внатрешни работи Скопје:

  • Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
  • Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
  • Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
  • Сектор за внатрешни работи Битола;
  • Сектор за внатрешни работи Велес;
  • Сектор за внатрешни работи Куманово;
  • Сектор за внатрешни работи Тетово;
  • Сектор за внатрешни работи Охрид;
  • Сектор за внатрешни работи Струмица;
  • Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.

Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

  • Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);

Проверка на моторички способности – моторичките способности на пријавените лица се утврдуваат преку изведување на следните вежби:

а) „Склекови“, се оценува бројот на правилно изведени склекови во интервал од 10 секунди. Минимален број на склекови за мажи е 9, а за жени е 6.

б) „Стомачни подигања“, се оценува бројот на правилно изведени стомачни подигања во интервал од 30 секунди. Минимален број на стомачни подигања за мажи е 16, а за жени е 12.

в) „Скок во далечина од место“, се мери должината на скокот од одразното место до доскочното место со петите на нозете. Минимална должина на скокот од одразното место до доскочното место изнесува 220 сантиметри за мажи и 160 сантиметри за жени. Скокот од далечина од место се изведува во два обиди, а во табеларниот преглед се бодира подобриот резултат.

г) „Спринт на 20 метри“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 20 метри. Минимално време за мажи изнесува 3,35 секунди, а за жени изнесува 3,50 секунди.

д) „Спринт на 100 метри“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 100 метри. Минимално време за мажи изнесува 15 секунди, а за жени изнесува 18 секунди.

ѓ) „Трчање на 1500 метри за мажи“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 1500 метри. Минимално време изнесува 5 минути и 25 секунди.

е) „Трчање на 800 метри за жени“ се мери времето од стартот до целната линија поставена на 800 метри. Минимално време изнесува 3 минути.

ж) Други физички проверки определени од страна на Комисијата.

Бодовите од проверка на моторички способности претставуваат збир од добиените бодови од сите поединечни вежби.

Доколку пријавеното лице не го исполни утврдениот минимум само на една од поединечните вежби, ќе се смета дека ја поминал фазата проверка на моторичките способности доколку кумулативниот збир на добиените бодови од останатите поединечни вежби изнесува најмалку 21.

  • Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест)
  • Писмено тестирање (општо – образовен тест),
  • Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),
  • Безбедносна проверка и
  • Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8. При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.

9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 165 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник".

Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12. Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) МВР полициски службеници

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »