Промовирани огласи »

ЈСП од денеска со летен возен ред, превозот за средношколците бесплатен

Од денеска јавниот превоз во Скопје со изменет ред!

Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.

Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година, која, меѓудругото, вели - со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…, велат од ЈСП Скопје.

Оттаму додаваат дека од денеска (среда 11.06.2025 год) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.

Распоредот на сообраќање на возилата на сите линии (градски и приградски) е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk), и согласно тој возен ред е достапен планерот на новата веб страна (https://skopjebus.mk/mk/). 

Тагови: возен ред ЈСП средношколци

Промовирани огласи »

Од 1 јануари трајно одземање на возило доколку се управува безобѕирно

Конечно, ќе се намали ли бројот на жртви на македонските патишта?

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во гостување на МРТВ, Тошковски посочи дека казните за сообраќајните прекршоци ќе се добиваат на мобилен телефон и појасни дека доколку се работи за мал прекршок ќе треба да се плати само паричен надоместок, доколку е поголем прекршок, тогаш ќе треба да се оди на суд каде би била изречена и забрана за управување.

На мобилен телефон ќе ви стигне порака дека сте направиле прекршок на тој и тој ден, „ве молиме упатете се до Министерството за внатрешни работи доколку сакате да ги добиете доказите или кликнете на веб страницата доколку сакате да ја видите сликата што ја имаме како доказ за вас“. Ќе се процесуира, доколку е мал прекршок ќе треба да се плати парична казна, ако е поголем прекршок ќе се оди на суд со забрана … Ме прашуваат „Ферари ако одземете што ќе направите со него“, велам ќе го дадеме на Детска градинка Цветче да се возат дечињата. Битно е дека ќе го одземеме возилото и тој што ќе управува безобзирно таков тип на моторно возило нема да го има повеќе, па да видиме со новото што ќе го купи пак ќе го прави истото, рече Тошковски.

На новинарско прашање поврзано со договорот кој Владата во мај годинава го потпиша за обновување на лиценца на софтвер за анализа на дигитални податоци, за кој опозицијата обвини дека ќе се користи за прислушкување, Тошковски рече дека лиценца за негово користење е добавена во 2021 година од неговиот претходник и дека софтверот не се користи за прислушкување, туку, како што појасни, се користи за екстракција на податоци од телефони во Одделот за форензика.

Не знам зошто опозицијата не може да сфати дека со вакви брутални лаги, ниски обиди за манипулација, нечовечен пристап онаму каде што треба да има човечен пристап, не може да добијат позитивна енергија кај македонските граѓани. Овој софтвер е дониран од нашите меѓународни пријатели во 2014-2015 година и лиценца за негово користење е добавена во 2021 година од мојот претходник. Сега ние кога ја набавуваме лиценцата, прават теза дека истиот ќе се користел за прислушкување. Овој софтвер нема врска со прислушкување, туку истиот се користи од Одделот за форензика во делот на екстракција на податоци од телефони, рече Тошковски.

За бегството на поранешниот вицепремиер на државата Артан Груби, министерот вели „службеното патување на Артан Груби многу долго трае, но се надевам дека еден ден ќе заврши и ќе биде процесуиран од страна на органите на прогон“, додека пак, за бегствата на екс директорите на ЕСМ и Државна лотарија, Васко Ковачевски и Перпарим Бајрами, тој нагласи дека во иднина ќе има многу повеќе лица кои ќе бидат „кабает пред себе и македонските граѓани дека душмански и без осет го краделе македонскиот народ“.

Прашан за случајот со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која го обвинува градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу за 150 дивоградби на територија на општината, и дали Арсовска пријавила во МВР дека добивала закани МВР, Тошковски рече „таква пријава од страна на градоначалничката не е доставена до МВР, но доколку во меѓувреме има пријавено сигурен сум дека се преземени соодветни чекори“.

Министерството за внатрешни работи постапува како по пријава од надлежни органи кои што констатирале дека има одредени неправилности во делот на градење или било која друга сфера од општественото живеење, особено постапува по наредби од страна на надлежен јавен обвинтел. Точно е дека имаме постапувано во однос на нелегални градби и во други општини, не само во Општина Чаир, но точно е дека имаме постапувано по однос на нелегални градби и во општината која што ја напоменавте. Така што, добро е кога некој си ја работи работата која што му е утврдена согласно закон и уште подобро би било доколку функционерите избрани на избори би ја работеле таа работа во текот на својот вкупен мандат, а не само во последните неколку месеци, рече Тошковски. 

Тагови: МВР Панче Тошковски Сејв сити системот

Промовирани огласи »

Порталот Euronews Business анализираше податоци за платите од четири земји - Велика Британија, Германија, Франција и Холандија, со помош на платформата за вработување Indeed, за да открие кои работни места и сектори моментално носат највисоки заработки.

Медицинските професии, како што се консултанти, радиолози, стоматолози и ортодонти, се најплатени во сите анализирани земји. Во Велика Британија, дури половина од 20-те најплатени работни места припаѓаат на здравствената заштита, додека во Франција, три од четири водечки позиции ги заземаат стоматолози и техничари.

Директорските позиции, како што се извршен директор, директор за стратегија и директор за ИТ, наметнуваат високи плати, особено во банкарството, технологијата и продажбата. Во Германија и Холандија, ИТ експертите - како што се софтверските инженери и SAP консултантите - бележат огромни заработки, честопати над 90.000 евра годишно.

Раководителите на продажба (на пр. директори за продажба и клучни менаџери за клиенти) исто така имаат високи плати, особено во Германија и Холандија. Исто така, адвокатите, даночните сметководители и финансиските контролори во Велика Британија и Германија се меѓу најплатените професионалци.

Германија

Највисоко платени се советниците за корпоративни даноци (145.000 евра), по што следат директорите за продажба (до 138.000 евра), адвокатите за трудово право (105.000 евра) и експертите за SAP (~95.000 евра). Интересно е што стоматолозите се единствените здравствени работници меѓу врвните позиции, со околу 86.000 евра годишно.

Франција

Стоматолозите водат (95.000 евра), по што следат ортодонтите, ИТ архитектите и медицинските техничари. Многу менаџерски и продажни позиции се околу 60.000–70.000 евра.

Велика Британија

На врвот на листата изненадувачки се - модели и манекени (166.000 евра). По нив следат медицински консултанти, директори и специјалисти (од 109.000 до 145.000 евра). Сепак, ИТ директорите и микробиолозите се меѓу најдобро платените.

Холандија

Генералните директори заработуваат најмногу (115.000 евра), по што следат контролорите, тимските лидери и софтверските инженери. Во просек, техничките и продажните занимања носат помеѓу 56.000 и 66.000 евра годишно.

Тагови: пари професии Euronews Business

Промовирани огласи »

Трговскиот синџир „Хелвег“ затвора голем број од своите продавници во Германија, а најмногу ќе страда покраината Северна Рајна-Вестфалија. Клиентите можеби ќе профитираат од овој деловен потег, но за вработените ова е вистински шок.

„Хелвег“, еден од најголемите синџири за „направи сам“ производи во Германија, со десетици продавници, наскоро ќе има значително помалку локации. На почетокот се зборуваше за затворање на седум продавници, но сега стана јасно - ќе бидат затворени дури десет продавници, пишува списанието „Феникс“.

Претходно беше објавено дека продавниците во Ханау (Хесен) и Минстер (Северна Рајна-Вестфалија) наскоро ќе бидат затворени. Официјалната веб-страница на Хелвега исто така наведува дека ќе бидат затворени и продавниците во Бон-Дајсдорф, Оберхаузен, Верле и Дизелдорф (сите во Северна Рајна-Вестфалија), како и во Берлин-Вајсен и Хале/Зале (Саксонија-Анхалт).

Веб-страницата сè уште не ги споменува затворањата во Хаген и Есен-Алтензен (двете локации во Северна Рајна-Вестфалија), но според германските медиуми, и тие продавници наскоро ќе се затворат.

Дури седум од десет засегнати продавници се наоѓаат во Северна Рајна-Вестфалија!

Портпаролот на компанијата го објасни затворањето во Дизелдорф велејќи: „Затворањето во Дизелдорф е дел од нашите напори да го прилагодиме нашето портфолио на локации - како и многу конкуренти и други трговци на мало - на променливите пазарни услови“.

Сепак, внатре во компанијата постои незадоволство. „Требаше да разговараат со нас порано“, рече еден вработен во Хелвег од Дизелдорф. Сепак, затворањето не беше големо изненадување поради силната локална конкуренција. „Сите жители на Мајдерих порано доаѓаа кај нас, но сега ги чувствуваме ефектите од отворањето на Хорнбах.“

На работниците им беше понудена можност да продолжат да работат во други, подалечни продавници.

Затворањата се удар за вработените, но клиентите сè уште можат да имаат корист: веб-страницата на „Хелвега“ наведува попусти, а неколку продавници имаат големи распродажби пред конечното затворање.

Тагови: Германија Хелвег

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »