Промовирани огласи »

ЦЕНИТЕ НА АВИОНИТЕ ЌЕ „ПОЛЕТААТ“: ЕУ планира да воведе царини за „Боинг“

❗ Европските авиокомпании имаат нарачано стотици авиони од американската компанија

Европската унија планира да воведе царини за авионите на американската компанија „Боинг“, додека ЕУ се подготвува за нови одмазднички мерки во случај на неуспех на трговските преговори со Вашингтон.

Европската комисија, која управува со трговската политика на ЕУ, има намера да вклучи цивилни авиони на листата на американски увозни производи во вредност од околу 100 милијарди долари годишно, кои би биле предмет на царини, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два извори запознаени со планот.

Овие мерки, кои членките на ЕУ мора да ги одобрат со квалификувано мнозинство, би стапиле во сила само ако нема задоволителен напредок во преговорите со Соединетите Американски Држави (САД) за намалување на американските царини за европски стоки.

Шефот на европската трговија, Марош Шефчовиќ, објави дека ЕУ не е под притисок да прифати нефер трговски договор со САД. Боинг и Европската комисија сè уште не одговорија на барањата на Ројтерс за коментар.

Европската Унија моментално се соочува со американски царини од 25 проценти за извоз на челик, алуминиум и автомобили, како и со реципрочни царини од 10 проценти за речиси сите други стоки, вклучувајќи ги и авионите, кои би можеле да се зголемат на 20 проценти откако ќе истече тримесечниот мораториум воведен од американскиот претседател Доналд Трамп на 8 јули.

Европските авиокомпании имаат нарачано стотици авиони од „Боинг“, потпирајќи се на растечкиот воздухопловен пазар, но потенцијалните царини би можеле значително да ја зголемат цената на тие авиони. Извори од индустријата велат дека ЕУ сака да го избалансира третманот помеѓу „Боинг“ и европскиот производител „Ербас“ преку одмазднички мерки поради американските царини.

За разлика од претходниот трговски конфликт во 2020 и 2021 година, европските и американските авиокомпании сега се обединети во повикот за укинување на сите тарифи.

Тагови: Европска Унија САД Боинг

Промовирани огласи »

Андоновски потпиша забрана за 53 нелегални онлајн обложувалници

Забрана за 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера гостуваше во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, каде што соопшти една новина, а тоа е првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Со ова се забрануваат 53 портали коишто нелегално приредувале игри на среќа во Македонија и на коишто се прикачени македонски играчи на игри на среќа, знаеме дека се од Македонија затоа што се приклучуваат од македонски адреси и ги трошат своите пари, појасни Андоновски.

Министерот додаде дека овие портали кои се нелегални, за краток период ќе бидат забранети.

Овие 53 портали се најактивните, што значи дека имаат најголем број на играчи и најмногу средства, налогот го испративме до АЕК која што во најбрз можен рок, а најдоцна до 7 дена, треба да го препрати до телеком операторите коишто се во Македонија, а тие веднаш да постапат и да ги забранат, додаде тој.

Андоновски исто така објасни дека ова е само прв налог за забрана на портали, бидејќи овие 53 се најкористените од нашите сограѓани и дека во следниот период ќе следат уште портали. Тој дополни дека проблемот е и во тоа што парите и информациите што ги предаваат граѓаните кон овие портали, немаме информација каде одат, а многу лесно може да се искористат на штета на граѓаните.

Имаме група на приредувачи на игри на среќа, коишто потекнуваат од Македонија, но веб страниците се регистрирани на некои други домени, односно не се точка мк, туку точка нет, или точка ком и така натаму, знаеме дека се од Македонија и тука веќе имаме опасност затоа што тука може да се крадат средства. Не знаеме воопшто каде одат средствата на граѓаните, не знаеме каде одат нивните лични податоци коишто тие ги ставаат на тие портали. Затоа и ги таргетиравме најкористените портали,  а веднаш во следниот период, кога ќе помине оваа прва фаза, подготвуваме втор налог и мислам дека во рок од еден месец, ќе стигнеме и до 160 портали, заврши Андоновски.

Тагови: Стефан Андоновски онлајн игри на среќа казино портали

Промовирани огласи »

Микро настави и онлајн курсеви: Како да ја градиш својата кариера 15 минути дневно

Микро лекции, мега резултати: Формула што ја користат најдобрите

Во свет во кој времето секогаш недостига, учењето повеќе не мора да значи часови пред книга или скапи обуки. Благодарение на микро-наставите и онлајн курсевите, денес можеш да градиш силна и модерна кариера – за само 15 минути дневно.

Што се микро-настави?

Микро-наставите се кратки, фокусирани лекции – често во видео, текстуален или интерактивен формат – кои покриваат конкретни теми, вештини или алатки. Наместо долг курс од неколку часа, добиваш содржина што можеш да ја совладаш додека пиеш кафе, се возиш во автобус или правиш пауза на работа.

Зошто се моќни?

  • Штедат време: Немаш изговор дека си премногу зафатен/а.
  • Фокусирани се: Учиш само она што ти треба – без непотребен материјал.
  • Флексибилни се: Можеш да учиш кога сакаш, од каде сакаш.
  • Постојано те надградуваат: Секојдневното учење те одржува актуелен/на во индустријата.

Што можеш да научиш?

  • Дигитални вештини: Canva, ChatGPT, Excel, Google Ads, SEO
  • Меки вештини: Комуникација, преговарање, емпатија
  • Јазици: Научи нов јазик во 10 минути на ден
  • Лидерство и продуктивност: Техники од најдобрите менаџери
  • Фриленс и бизнис: Како да започнеш свој мал бизнис или да заработуваш онлајн

Каде да почнеш?

Платформи како Coursera, LinkedIn Learning, Udemy, edX, Skillshare и дури и YouTube нудат одлични микро-лекции. Некои се бесплатни, други се симболично платени – но инвестицијата во себе е секогаш најисплатлива.

Наместо да чекаш „вистинско време“ за да се надградиш, искористи 15 минути дневно за да станеш поуспешен, поисполнет и поконкурентен на пазарот на труд. Малите чекори водат до големи промени – започни денес!

Прочитајте и за: Емоционалната интелигенција како тајно оружје за професионален успех

Тагови: ChatGPT LinkedIn YouTube Udemy Canva

Промовирани огласи »

Дали EcoFlow е револуцијата што ни треба за поевтина и достапна струја?

Може да се користи со или без батерија, што овозможува флексибилност за корисниците во зависност од нивните потреби.

ЕcoFlow ја претстави својата нова „plug-and-play“ соларна енергетска система наречена Stream, наменета за куќи и станови. Системот вклучува преносливи соларни панели кои не бараат тешка инсталација, дозволи или електричари, што го прави достапен и за сопственици и за подстанари. Се поставуваат едноставно на балкон, кров или двор и се поврзуваат директно во штекер, овозможувајќи користење на соларна енергија до 3.200W без потреба од сложена инфраструктура.

Stream системот е модуларен и може да се купи со или без батерија. Основниот уред е Microinverter кој веднаш ја претвора сончевата енергија во електрична за употреба во реално време. За оние кои сакаат да складираат енергија, тука е Stream Ultra – батерија од 1.92 kWh со вграден инвертер, која може да се користи за заштеда преку „time-of-use“ или како резервна енергија при прекини на струја. Уредите можат да се користат поединечно или во комплет за поголема ефикасност.

Stream серијата моментално е достапна за преднарачка во Јута, со планови за проширување низ САД. Јута е избрана како тест пазар поради високата сончева изложеност, растечките цени на струјата и зголемувањето на колективните станбени единици. Официјалниот почеток на продажбата е најавен за 14 јули, а до тогаш корисниците може да ги искористат поволните понуди. Stream претставува исплатлива и лесна алтернатива за оние кои сакаат да започнат со користење на соларна енергија без големи инвестиции или просторно ограничување.

Тагови: стан соларна енергија EcoFlow

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »