Во време кога организациите се соочуваат со постојани предизвици, безбедноста и отпорноста стануваат клучни теми за секој бизнис. KARIERA.mk со задоволство го најавува настанот со Наталија Федорова, експерт за управување со кризи со повеќе од 10 години искуство во IT секторот и поранешен извршен директор за човечки ресурси во BRIGHTGROOVE.
Работилницата има за цел да понуди практични стратегии кои ги поврзуваат информациската безбедност, стандардот ISO 27001 и грижата за луѓето – со фокус на создавање функционални тимови и системи кои успешно се справуваат со кризни ситуации.
На 25.09.2025 во Holiday Inn, Скопје учесниците ќе дознаат:
- Како ISO 27001 може да биде алатка за вклучување на човечката димензија во безбедносната стратегија
- Зошто HR и IT треба да соработуваат при кризни ситуации и како тоа да го направат системски
- Како да се изгради тим кој носи стабилни одлуки под притисок и развива психолошка отпорност
- Кои се ризиците од работа на далечина, користење лични уреди и деловни патувања, и како тие да се минимизираат
Настанот ќе понуди реални сценарија, практични вежби и студии на случај, од релокација за време на криза, до анализа на безбедносни инциденти и процена на ризици.
Оваа работилница е дизајнирана за HR професионалци, IT менаџери, лидери на тимови и сите кои имаат улога во градењето на организациска отпорност.
📌 Резервирајте го вашето место по EARLY BIRD цена и осигурете се дека вашата организација е подготвена за идните предизвици!
Тагови: настани технологија