Промовирани огласи »

Лош воздух во Македонија – топ 3 најзагадени града!

Проверете кои градови денес предничат во загадувањето на воздухот во Македонија.

Денеска, највисока концентрација на ПМ10 честички е измерена во Битола со 113 единици, што ја става во категорија на "многу високо" загадување. Следува Тетово со 82 и Куманово со 76, каде загадувањето спаѓа во "висока" категорија.

Во други македонски градови, како Гевгелија со 69 и Гостивар со 59, загаденоста е исто така значајна, додека Скопје со 37 и Охрид со 20 имаат пониски вредности и се кај "нормално" ниво. Најниска загаденост е забележана во Лазарополе со само 15 единици.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 10ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

10µg/m3Ректорат
7µg/m3Лисиче
5µg/m3Центар
3µg/m3Миладиновци
3µg/m3Карпош
1µg/m3Гази Баба

Македонија

29µg/m3Кавадарци
18µg/m3Гевгелија
16µg/m3Струмица
15µg/m3Битола
14µg/m3Охрид
13µg/m3Кичево
11µg/m3Велес
10µg/m3Гостивар
9µg/m3Тетово
5µg/m3Куманово
0µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Само вчера санкции за 570 возачи во Скопје, над 20 возеле без дозвола

150 санкции за возење со брзина поголема од дозволената. Безбедно ли е во Скопје?

Полицијата информира дека согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 570 возачи.

Од нив 150 се возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, 4 возачи управувале возило со активна мерка забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност на регистрација.

Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.

Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласуваат од полицијата. 

Тагови: возачка дозвола казни

Промовирани огласи »

Независниот синдикат на Полицијата вчера во Струмица ја одржал првата седница на претседателството на НСП за 2025 година. 
Како главни точки за дискусија биле идните чекори кои НСП ќе ги преземе за приближување на правата, платите и условите за работа на припадниците во полицијата со припадниците на армијата.

Во контекст на ова како синдикат во наредниот период ќе предложиме законски измени во делот на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во кои за припадниците на САЕ, ЕБР, ЕИП и Хеликоптерската единица ќе биде побарано да биде зголемена бенифицијата на стажот на 6 месеци за година по принципот на пресметка на стажот за сродните единици од армијата.

Дополнително беше донесена одлука за базирање на новиот Колективен договор на основата на Колективниот договор од армијата, но и обнова на нашите барања за можност за откуп на службеното оружје по пензионирање и задржување на поништена службена легитимација за кои немавме слух во минатото, се ве,ли во објавата од Независниот синдикат на Полицијата.
 

Тагови: работнички права

Промовирани огласи »

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето

Натписот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот на седиштето на агенцијата, иако федерален судија ја блокираше одлуката на претседателот Доналд Трамп да отпушти од работа 2,200 вработени во УСАИД.

Ова се случува на помалку од една недела откако Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, започна активности за затварање на УСАИД.

Во соопштение на социјалната мрежа „Икс“, чиј сопственик е самиот Маск, тој напиша дека „оваа зграда сега е окупирана од Царинската и погранична служба“ на САД.

Активностите се дел од радикалната реструктуризација на владата, одобрена од Трамп, за кратење на федералните работни места и на трошоците за функционирање на американската влада.

Тагови: УСАИД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »