Промовирани огласи »

Најлошите совети кои ги добиле успешните жени на денешницата

Што не послушале овие жени и станале толку многу влијателни?

Некои успешни жени споделуваат со нас, кои биле најлошите совети кои ги добиле на нивниот пат кон успехот.

Тимот на KARIERA.mk верува дека овие неколку искуства ќе ви помогнат да поминете некои од овие моменти подобро и побрзо да итате кон успехот.

1. Во минатото ме охрабруваа да лажам. Често избегнував прашања на кои немав одговор, но искреноста е секогаш најдобра. Лагата, дури и онаа добронамерната , секогаш ќе биде откриена.

Да се учи на своите грешки и да се поттикнува околината дека тоа е прифатливо е навистина важно – Андреа Ингам, директор на продажба на “Spotify”.

2. Најлошиот совет кој сум го добила е да се одречам од својата кариера на светски познат модел и да станам новинар. Нема шанси! Да добивав пари секој пат кога некој ќе ме предупредеше да забавам, денес би била богата.

Невозможно е да застанете кога чувствувате дека доаѓа нешто добро – Фиона Рејнолдс, директор на “ABC Regional”.

3. Дали да ја прифатам работата во AVON – тоа беше првата дилема на самиот почеток од мојата кариера. Кога се наоѓате на крстопат, често делува дека е полесно да се откажете од работата и добрите шанси за напредок.

Не ги послушав сите оние кои беа против. Одлучив да ја прифатам работата и за многу кратко време добив прва голема задача во странство – Шерон Плент, CEO на компанијата AVON.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk истражува: Кои се најценети работни вештини за 2017?

Кои се највредните вештини годинава кои работодавците ги бараат од вас?

Пазарот за работа секогаш се менува и како што некои професии губат популарност, други добиваат. Важно е да се запомни дека без разлика во кој сектор работите, поседувањето на одредени работни вештини може да направи огромна разлика во вашиот успех. Познавањето кои квалитети се најбарани може да биде корисно додека го градите вашиот кариерен успех. 

Работата и трендот на вештини 

Многу од високо платените работни места се позиции кои бараат значајно ниво на образование, професионален тренинг и напредни вештини. Листата на најдобро платена работа за 2017та година ги вклучува добро познатите професии како физичари, адвокати за патенти и фармацевти, како и професиите поврзани со технологијата како што се софтверски дизајнери.

Техничките вештини се високо котирани на листата низ различни индустрии

Заедничка анализа од MONEY и PayScale истражувале за најбараните вештини во повеќе од 350 индустрии и тие ги вклучуваат:

  • моделирање на податоци
  • софтверски менаџмент и развој
  • Cloud вештини
  • мобилни апликации

Истражување од ITCareerFinder предложува дека овие технички вештини се еднакво важни да се поседуваат во 2017:

  • вештини за техничка поддршка
  • веб дизајнер
  • администрација на датабази
  • проект менаџер

„Меките“ вештини им се предизвик на вработените

Техничките вештини се од огромна корист во денешно време, работодавците немаат јасна слика кога размислуваат за кои поединци да ги ангажираат. Меките вештини, кои неретко се под влијание на карактерот отколку на образованието и обуките, се уште се приоритет во работната атмосфера. 

Во истражување на LinkedIn во 2016та година, меките вештини се појавиле на врвот на листата на тоа што најчесто бараат работодавците кај потенцијалните вработени. Овие вештини вклучуваат:

  • комуникациски вештини
  • организациски вештини
  • тимска работа
  • точност
  • критичко размислување

Според Monster.com, оралните и пишуваните вештини се најважните меки вештини за поседување. Останати меки вештини се следниве:

  • маркетинг
  • внимание на детали
  • решавање на проблеми

На крајот на краиштата, развојот на двата видови на вештини, тврди и меки и важно за подобар приказ на себеси кон можните работодавци што е можно подобро. Многу е веројатно дека техничките вештини ќе продолжат да бидат од огромно значење, но способноста на ефективната комуникација, концентриран кон деталите и организиран како личност нема да престанат да бидат важни во скоро време. Клучот е во пронаоѓање на вистинскиот баланс помеѓу овие вештини. 

Промовирани огласи »

23 октомври неработен ден за сите граѓани

23 октомври неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/08 и 18/07), 23 октомври, ден понеделник, Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба. 

Промовирани огласи »

KARIERA.mk истражува: Предизвици со кои се соочуваат работобарачите

Начини на кои работодавците им отежнуваат на работобарачите

Голем дел од работобарачите се изјасниле дека барањето работа е еден од најстресниот процес во животот. И работодавците не помагаат во целокупниот процес. Должината на апликациите, недостатокот на комуникација и бавниот процес на вработување може да ја направат и веќе стресната ситуација потешка.

Во продолжение може да прочитате за некои искуства на кандидати, како и совети за тоа како да се одбегнат овие проблеми, да се намали стресот и да се добие работата. 

  •  Создавање премногу пречки на апликантите за да аплицираат - Голем дел од работобарачите се изјасниле дека предолгите апликации, менувањето на документите за секоја работа како и пополнување на веќе постоечки информации во други форми на апликација се елементи кои им ја намалуваат мотивацијата во потрагата по работа.
    • Совет: Барајте ги страние кои нудат функција брза апликација, каде може да аплицирате на едно или повеќе работни места само со еден клик. 
  • Непостоењето на веб страна на компанијата - Веб страната на компанијата е многу важен аспект за работобарачите. Не само постоењето на истата, туку и функционирање и навремено уредување. Ова им покажува на вашите работобарачи дека сте професионални за секој дел од претставувањето на вашата компанија кон потенцијалните вработени. 
    • Совет: Веб страната е еден начин да пронајдете информации за компанијата, но не запирајте таму. Прегледајте ги социјалните мрежи, пребарајте ја компанијата на Google и обратете се кај ваши познаници кои имаат познаници во фирмата и кои може да ви дадат проверени информации за работењето во компанијата.
  • Неинформирање на работобарачите за нивниот статус - Повеќе од половина од работобарачите се изјасниле дека работодавците не ја извршуваат добро работата на поставување очекувања во врска со комуникацијата на почетокот од можна работна интеграција. Континуитетот во комуникацијата помеѓу двете страни значајно ќе го подобри целосното искуство. 
    • Совет: Доколку не добивате никакви информации од вашиот можен работодавач, не се плашете да превземете иницијатива. Ова ќе покаже дека вие сте навистина заинтересирани за работната позиција. Исто така, може да прашате за временскиот рок на процесот на вработување за време на интервјуто за да знаете што да очекувате и кога да го очекувате. 
  • Недостаток на комуникација од работодавачот по прифаќањето на работата - Голем дел од работобарачите се изјасниле дека искусиле недостаток на комуникација во минатото помеѓу моментот на прифаќање на работата и првиот ден на работа. 
    • Совет: Претходниот совет одговара и овде - ако чувствувате дека требало да слушните од работодавачо во даден момент и тој повик не се случил, превземете иницијатива и пратете мејл на одговорниот. Ако и покрај оваа иницијатива не добиете повратен одговор, тоа е потенцијално црвено знаме. 
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »