Промовирани огласи »

8 години со вас – Благодариме што сте дел од нашата приказна! 🎉

Kариера слави 8 години 🎉

KARIERA.mk со голема радост го одбележува својот 8-ми роденден! Овие години претставуваат многу повеќе од само бројка – тие ја симболизираат нашата посветеност кон креирање нови можности, успех и професионален развој.

Во изминатиот период, заедно успеавме да изградиме заедница која инспирира и отвора нови хоризонти:

📌 Повеќе од 6.200 компании кои најдоа таленти преку нас.
📌 Над 200.000 корисници кои ја користеа платформата за своите следни професионални чекори.
📌 Организација на кариерни настани кои ги зближија работодавачите и професионалците со светски трендови.
📌 Партнерства со образовни институции за пракси, стипендии и дообуки.
📌 Лансирање на иновативната алатка HR Scanner, која го трансформира начинот на регрутација.
📌 Активно присуство и поврзаност со најновите случувања во индустриите низ целата држава.

Оваа приказна не би била возможна без вашата поддршка и доверба. Благодарение на вас, KARIERA.mk е место каде што можностите и талентот се среќаваат. 🙏

Продолжуваме да вложуваме во иновации и да се стремиме да останеме вашиот број 1 избор за професионален развој и пребарување работа. Заедно, го обликуваме пазарот на труд и создадовме платформа која отвора врати за иднината. 🚀

Промовирани огласи »

Биткоинот за првпат го надмина прагот од 95.000 долари

Биткоинот со историски рекордна вредност

Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95.000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада.

Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95.004,50 долари пред да се тргува за 94.907 долари малку подоцна.

По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти.

Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80.000 долари, а на 13 ноември надмина 90.000 долари. 

Промовирани огласи »

Раст на синдикалната кошница: За да го „поминете“ месецот потребни се над 1.000 евра

Без 1.000 евра не може да се преживее, од јануари до сега минималната кошничка порасна над 4800 денар

Сојузот на синдикатите на Македонија објави дека вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62 021,00 денари. Ако тука влезе и цената на изнајмен стан од 60 квадрати таа за месец ноември изнесува 77 396,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесува 61 249,00 денари е зголемена за 772,00 денари.

Од податоците на вредноста на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека некој се богати на грбот на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои се креираат за да се помогне на граѓаните со ниски примања, велат од ССМ.

Трговците, како што се посочува во соопштението од ССМ, покажуваат дека немаат општествена одговорност ниту почит кон Владата, ако имаме во предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница во делот за храна и пијалоци, ден по завршување на мерката на Владата повторно е зголемен за 609 денари, а вкупната Синдикална минимална кошница за 772 денари и истата е со вредност 62.021,00 денари.

Трговците ја искористија најавата за предходната мерка од Владата и ги зголемија неоправдано цените во месец септември со што вредноста на делот за храна и пијалоци се зголеми за 717 денари, со мерката имаше намалување од 965 денари, а денеска повторно зголемување од 609 денари со што се осиромашуваат работниците и граѓаните, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2024 година која изнесува 62.021 денари, споредена со Синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година (57.163,00) е зголемена за 4.858,00 денари односно за 8,5 отсто. Додека кај храната и пијалоци СМК за ноември изнесува 22.678,00 денари споредена со јануари 2024 година (21.007,00 денари) зголемена е за 1.671,00 денари односно за 7,9 отсто.

Од ССМ велат дека разговараат со Министерството за економија и труд по однос на креирањето на идните мерки но потребно е трговците или да покажат општествена одговорност или Владата при креирањето на новите мерки да биде ригорозна во постапувањето на ваквите нефер трговски практики и да казнува.

Промовирани огласи »

Вработување во РАМСТОР!

Најнови огласи за работа во РАМСТОР!

Рамстор Македонија е ланец од 26 маркети и еден онлајн маркет „Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Моментално вработува:

Продавач на месарница - Капиштец
Продавач на деликатес - Сити мол
Продавач на пекара - Аеродром
Продажен персонал-Тафталиџе
Продавач на месарница - Ново Лисиче

Останатите отворени работни позиции од Рамстор можете да ги најдете ТУКА.

Доколку сте се уште во потрага по идеалната работна позиција, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Дту Рамсторе Доо

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »