Промовирани огласи »

Биткоинот за првпат го надмина прагот од 95.000 долари

Биткоинот со историски рекордна вредност

Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95.000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада.

Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95.004,50 долари пред да се тргува за 94.907 долари малку подоцна.

По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти.

Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80.000 долари, а на 13 ноември надмина 90.000 долари. 

Промовирани огласи »

Раст на синдикалната кошница: За да го „поминете“ месецот потребни се над 1.000 евра

Без 1.000 евра не може да се преживее, од јануари до сега минималната кошничка порасна над 4800 денар

Сојузот на синдикатите на Македонија објави дека вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62 021,00 денари. Ако тука влезе и цената на изнајмен стан од 60 квадрати таа за месец ноември изнесува 77 396,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесува 61 249,00 денари е зголемена за 772,00 денари.

Од податоците на вредноста на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека некој се богати на грбот на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои се креираат за да се помогне на граѓаните со ниски примања, велат од ССМ.

Трговците, како што се посочува во соопштението од ССМ, покажуваат дека немаат општествена одговорност ниту почит кон Владата, ако имаме во предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница во делот за храна и пијалоци, ден по завршување на мерката на Владата повторно е зголемен за 609 денари, а вкупната Синдикална минимална кошница за 772 денари и истата е со вредност 62.021,00 денари.

Трговците ја искористија најавата за предходната мерка од Владата и ги зголемија неоправдано цените во месец септември со што вредноста на делот за храна и пијалоци се зголеми за 717 денари, со мерката имаше намалување од 965 денари, а денеска повторно зголемување од 609 денари со што се осиромашуваат работниците и граѓаните, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2024 година која изнесува 62.021 денари, споредена со Синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година (57.163,00) е зголемена за 4.858,00 денари односно за 8,5 отсто. Додека кај храната и пијалоци СМК за ноември изнесува 22.678,00 денари споредена со јануари 2024 година (21.007,00 денари) зголемена е за 1.671,00 денари односно за 7,9 отсто.

Од ССМ велат дека разговараат со Министерството за економија и труд по однос на креирањето на идните мерки но потребно е трговците или да покажат општествена одговорност или Владата при креирањето на новите мерки да биде ригорозна во постапувањето на ваквите нефер трговски практики и да казнува.

Промовирани огласи »

Вработување во РАМСТОР!

Најнови огласи за работа во РАМСТОР!

Рамстор Македонија е ланец од 26 маркети и еден онлајн маркет „Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Моментално вработува:

Продавач на месарница - Капиштец
Продавач на деликатес - Сити мол
Продавач на пекара - Аеродром
Продажен персонал-Тафталиџе
Продавач на месарница - Ново Лисиче

Останатите отворени работни позиции од Рамстор можете да ги најдете ТУКА.

Доколку сте се уште во потрага по идеалната работна позиција, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Дту Рамсторе Доо

Промовирани огласи »

Како да ја изберете најдобрата работна понуда?

Со следење на овие чекори, ќе бидете во подобра позиција да ја изберете понудата која најдобро одговара на вашите кариерни и лични амбиции

Изборот на најдобрата работна понуда е клучен чекор кон остварување на вашите кариерни цели и задоволство на работното место.

Еве како да го направите вистинскиот избор:

1. Дефинирајте ги вашите приоритети

  • Лични и професионални цели: Размислете како понудата се вклопува во вашите долгорочни планови.
  • Баланс помеѓу живот и работа: Разгледајте дали работната позиција нуди флексибилност и можности за рамнотежа меѓу кариерата и приватниот живот.

2. Анализирајте ја платата и бенефициите

  • Проверете дали понудената плата е конкурентна во однос на пазарот за таа позиција и индустрија.
  • Разгледајте дополнителни бенефиции како здравствено осигурување, пензиски придонеси, бонуси, или можности за обука и професионален развој.

3. Оценете ја организациската култура

  • Дознајте каква е репутацијата на компанијата преку преглед на коментари од вработени на сајтови како Glassdoor или преку познанства.
  • Побарајте информации за динамиката во тимот, лидерството и вредностите на компанијата.

4. Разгледајте ги работните задачи и улогата

  • Осигурајте се дека работните обврски се во согласност со вашите вештини и интереси.
  • Побарајте дополнителни детали за потенцијалот за раст во таа улога.

5. Локација и работна средина

  • Проверете ја локацијата на работното место – дали е блиску до вашиот дом или дозволува далечинска работа.
  • Размислете за опкружувањето и инфраструктурата на работното место.

6. Долгорочни перспективи

  • Побарајте информации за можностите за напредување во компанијата.
  • Анализирајте дали позицијата нуди стабилност и сигурност.

7. Прашања што треба да ги поставите

  • Кои се очекувањата за првите 90 дена?
  • Дали постои можност за обука или сертификации?
  • Кои се најголемите предизвици со кои би се соочиле на оваа позиција?

8. Интуиција и емоционална поврзаност

  • Доверете се на вашата интуиција. Ако нешто ви изгледа нејасно или премногу добро за да биде вистинито, можеби е потребно подлабоко истражување.

Ако добиете две понуди, една со повисока плата, но со долги работни часови, и друга со помала плата, но одлични можности за раст и подобар баланс помеѓу живот и работа – размислете што ви е поважно во тој момент.

Со следење на овие чекори, ќе бидете во подобра позиција да ја изберете понудата која најдобро одговара на вашите кариерни и лични амбиции.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »