Промовирани огласи »

11-то издание на „Виноскоп 2017“

Виноскоп 2017

Од 20 до 24 септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на реномираниот фестивал кој го слави виното „Виноскоп 2017“.

Локацијата, како и минатата година, ќе биде на плоштадот „Мајка Тереза“ пред МОБ, а на фестивалот ќе учествуваат најдобрите македонски винарници. „Виноскоп“ ќе понуди петдневно будење на сите сетила – уживање во пијалакот на боговите, разновидни вкусови, разни бои и мириси преплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.

Мотото на годинешниот „Виноскоп“ е: „Да ја дочекаме есента заедно!“

Промовирани огласи »

Видео: НЕ СЕ ВРАЌАМ НА РАБОТА: Ова е жената која на лотарија доби неверојатни 758 милиони долари

Шансите сите 6 броеври да бидат извлечени биле 1 спрема 292 милиони

Добитничката на вртоглави 758 милиони долари американска лотарија Пауербол е Мејвис Ванчик (53) од Чикопиј во Масачусетс, медицинска работничка и мајка на две деца.

Среќните броеви 6,7,16,23 и 26 и Пауербол бројот 4 се извлечени во 10.59 вечерта по локално време.

„Имав сон и конечно се исполни“, рекла Мејвис.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk едукација: Како да разговарате за поголема плата?

Овој разговор е навистина незгоден за сите нас

Разговорот за платата е нешто што на никој не му е омилено, меѓутоа секако е важно.

KARIERA.mk ве насочува како да го водите разговорот:

Конкурентност во преговорите
Секој спортист знае што да прави за да победи во играта. Така и вие, наведете ги вашите цели и силно притискајте додека не го добиете тоа што го посакувате.  Насочете го разговорот кон вашата различност и станете конкурентни со другите колеги.

Уверливото зборување
Вашиот шеф нема да ви даде покачување на платата, едноставно затоа што го прашавте еднаш. Наместо тоа, вашиот шеф треба да знае зошто вреди да ве плати повеќе. 

Размислете колку долго сте работеле за вештините што сте ги стекнале на патот со она што сте денес? Секоја вештина што ја имате е вредна и треба да се плати. Потоа погледнете во иднината. Што мислите дека ќе направите за една година? Што пак за 5 или 10 години? Спомнете ги сите елементи кои ве прават вреден работник и поразлични од колегите.

Плата според заслуга
Образованието е една од клучните детерминанти на платата. Ако сте добиле нови квалификации и обврски, многу е логично и да побарате нова плата врз основа на промените.

Искреност и автентичност
Можеби мислите дека вашиот работодавец не се грижи за ништо,но и тој е човек и може да осети искреност и посветеност.

Флексибилност
Многу луѓе мислат само за преговарање за нивната основна плата. Меѓутоа, во текот на разговор за вашите примања, обврнете внимание и за другите работи како:

  • Екстра одмор или лични денови
  • Флексибилност за работа од дома во капацитет со скратено работно време во текот на неделата
  • Службено возило и телефон

Размислете кои области се важни за вас, и вашите способности за флексибилност може да се исплатат.

Барањето за зголемување на платата може да биде искуство со нервни проблеми, но не треба да се плашите од идејата. Пристапете кон вашиот работодавец со доверба и јасни факти, и нема причина да мислите дека нема да добиете покачување на платата што ја заслужувате.

Промовирани огласи »

Ново работно време на Централен регистар

Од септември ново работно време во Централниот регистар

Од Централен регистар на Република Македонија информираа дека од 1 септември ќе имаат ново работно време.

„Почитувани граѓани и корисници на услугите на Централен регистар на Република Македонија, Ве известуваме дека, стартувајќи од 1 септември 2017 година, работното време на Централен регистар ќе почнува во 8 часот, а ќе завршува во 16 часот“, стои во денешното соопштение на Централен регистар.

Тагови: Централен регистар

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »