Промовирани огласи »

Ново работно време на Централен регистар

Од септември ново работно време во Централниот регистар

Од Централен регистар на Република Македонија информираа дека од 1 септември ќе имаат ново работно време.

„Почитувани граѓани и корисници на услугите на Централен регистар на Република Македонија, Ве известуваме дека, стартувајќи од 1 септември 2017 година, работното време на Централен регистар ќе почнува во 8 часот, а ќе завршува во 16 часот“, стои во денешното соопштение на Централен регистар.

Тагови: Централен регистар

Промовирани огласи »

Поради поткуп на претседателот на земјата заменик на шефот на “Самсунг” осуден на 5 години затвор

Првиот човек на „Самсунг“ осуден на пет години затвор за поткуп

Јужнокорејскиот суд го осуди на 5 години затвор милијардерот и потпретседател на индустрискиот гигант “Самсунг” Ли Дзие-Јун, објавија светските агенции. Тој беше прогласен за виновен по покренатото обвинение за корупција.

До случајот дојде откако без откриен големиот политички скандал во земјата, кој довел до импичмент на претседателот. Обвинителството побара 12 години затвор.

Различни аналитичари коментираат дека компанијата во последните месеци доста добро се справило во работата и без неговото учество во управувањето.

Општеството во Јужна Кореја се повеќе ги критикува најголемите компании во земјата поради сомневањата дека тие влијаат врз политичкото раководство.

49-годишниот Ли, кој требаше да го преземе водството на Samsung, негираше дека ги прекршил законите. Тој беше уапсен во февруари.

Промовирани огласи »

Се враќа евтината тарифа на струјата. Токму ова беше повод за вчерашниата прес конференција на премиерот Заев и неговите соработници од овој сектор.

Според надлежните оваа мерка има цел на домаќинствата да им да се овозможи користење на електричната енергија со евтина тарифа од сите категории, особено од потрошувачите кои се загрозени, односно невработените, социјалните случаи, стечајците, пензионерите.

Премиерот Заев за оваа мерка вели дека посебно го радува фактот што пред се ќе се однесува на посиромашните категории граѓани кои во пракса повеќе ја користат евтината тарифа на струјата додека богатите не внимаваат толку на овој факт и не им е толку важно во кој период од денот користат електрична енергија а реакциите на социјалните мрежи го истакнаа токму тоа дека пониската класа повеќе се израдува на мерката отколку повисоката класа граѓани.

Владата проценила и тврди дека сепак со враќањето на оваа мерка во пракса, цената на електрична енергија нема да удри по џебот на граѓанте односно нема да ја зголеми цената.

Во овој поглед надлежните велат дека истата ќе биде компензирана со ефикасна работа која ќе ја спроведат енергетските компании.

Сепак евтина тарифа на струјата ќе има секој ден од 14 до 16 часот и истата ќе изнесува 2,78 денари за киловат часови, односно ќе биде двојно поевтина.

Во недела како и досега евтина струја ќе има цел ден.

Зошто евтината тарифа на струјата од октомври повеќе ги израдува посиромашните категории граѓани отколку повисоката класа?

Промовирани огласи »

Се помалку работа за градежниците од Македонија во странство

Градежните фирми се помалку ангажирани во странство-најмногу договори со Холандија и Германија

Градежниците од Македонија се помалку се бараат во странство. Ова може да се заклучи од фактот дека во првите шест месеци од годинава за 13,9% паднал ангажманот на градежните компании.

Вкупната вредност на  договорени градежни работи во странство изнесува 2.300.778 илјади денари од јануари до јуни покажува статистиката на Државниот завод.

23,9 отсто помалку споредбено со лани изнесува градежната оператива од Македонија или во тој период се изршени градежни работи во вкупна вредност од 757.025 илјади денари.

Градежниците според податоците најмногу биле ангажирани во Холандија и Германија.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »