Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) највисока просечна нето-плата во земајава добиваат во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Во ноември 2022 година програмерите и останатите во ИТ индустријата земале во просек нето-плата на износ од 84 018 денари. Потоа следат од секторот Воздухопловен транспорт со просечна нето-плата од 63 289 денари, а по нив следат од секторот Останати стручни, научни и технички дејности со 53 243 денари нето-плата.

Најнико платени се во секторот Заштитни и истражни дејности со 18 294 денари, потоа следат од секторот Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со 20 653 денари и од секторот Производство на кожа и слични производи од кожа со 21 764 денари нето-плата.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33 011 денари.

Промовирани огласи »

Град Скопје до 2025 година ќе набави 250 еко-автобуси

Со оваа набавка треба да се надмине хаосот во јавниот сообраќај.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вети дека во нејзиниот мандат ќе се набават 250 еколошки автобуси, а годинава треба да се набават околу 50 еко-автобуси.

Арсовска кажа дека на седницата на Советот, која е закажана за 26 јануари, треба да се утврди заем од 10 милиони евра за новите автобуси.

Советниците в четврток треба да се изјаснат дали се за задолжување за набавка на еколошки автобуси, а на седницата на Советот треба да бидат објавени повеќе детали.

Со набавка на 250 нови еколошки автобуси и реконструкција на мрежата на автобуски линии треба да се стави крај на хаосот во јавниот сообраќај.

Промовирани огласи »

Совети како да водите успешен бизнис?

Како да се осигурате дека вашиот бизнис напредува?

Балансот помеѓу семејните обврски и потребата за економска независност го прават претприемаштвото предизвик за иновации и истрајност. Постојат четири столба кои може да ги подготват сите луѓе кои размислуваат да одат во насока кон претприемништво, без разлика дали имате искуство од претходно или пак почнувате од нула.

Обуката претставува еден од најважните столбови за претприемач. Треба да бидете во тек со прашањата кои што најмногу го засегаат бизнисот, а тоа ќе ви овозможи да генерирате нови идеи и да го подобрите донесувањето на одлуките. Важно е да имате добар маркетинг или промоција на производи и услуги, операции или процесот на производство, изработка на производите како и финансиите кои на крајот ќе бидат најобјективен показател за перформансите на вашиот бизнис и продажба, бидејќи без продажба нема да има приход.

Следниот столб е да бидете поврзани со многу луѓе. Бизнисот никогаш неможете да го водите сами. Треба да бидете опкружени со искусни луѓе кои би можеле да придонесат нешто за вашиот бизнис и да имате мрежа на сојузници за она за што сметате дека сте помалку добри.

Третиот столб е рекламирање на вашиот бизнис на специјализирани страници наменети за истото, кои што ќе може да одговорат на прашањата што всушност вие правите, зошто го правите тоа, каде може да ве најдат и какво мислење имаат останатите клиенти за вас.

Четвртиот столб се однесува на начинот на плакање. Убаво би било доколку прифатите повеќе начини на плаќање, од готовина па се до електронско плаќање, бидејќи електронскиот начин на плаќање дава пристап до повеќе клиенти.

Промовирани огласи »

Републичкиот совет за безбедност при сообраќајот, им укажува на граѓаните дека возењето во услови на врнежи од снег и ниски температури има низа предизвици кои возачите треба да ги имаат предвид, за да се сочува и нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Бидете особено внимателни кога врне и кога е намалена видливоста на патиштата, велат оттаму.

Па така, РСБСП советува:

•во возилото секогаш носете зимска опрема (ланци за снег, метла, чистач за мраз на ветробранско стакло и сл.),

•возилото секогаш да биде добро исчистено од снежните наноси (особено прозорците и ретровизорите),

•проверете го антифризот, притисокот на гумите, течноста за ветробранско стакло и сл.,

•користете зимски гуми,

•исчистете го снегот од вашите обувки за да се избегне лизгање при притискање на педалите од возилото,

•возете внимателно и со намалена брзина,

•одржувајте растојание од другите возила,

•избегнувајте нагло сопирање и нагли задвижувања на воланот.

Од РСБСП бараат од возачите да бидат одговорни и совесни, и да возат безбедно во зимски услови. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »