Како го трошите вашето дневно време? Ајде размислете како го потрошивте вашето последно деноноќие од 24 часа и внимателно започнeте да го анализирате.

Биолошко време, односно време во кое ќе спиете, јадете, вежбате, ќе ги извршувате основните физиолошки потреби и одржување на високо ниво на вашето здравје.
Потоа ќе имате време за вашето семејство во кое ќе поминувате разговарајќи со членовите на вашето семејство, учејќи со вашите деца, игра со децата и се друго што ве прави силно поврзан со вашите најмили.

Ќе имате и време за административни работи во кои ќе го подготвувате вашиот ден, што значи планирање и подготовка на се онаа што ќе треба да го правите во следната категорија на време. Оваа категорија на време ќе има силно влијание на следната категорија, но мора да ви биде јасно дека не смеете да дозволите оваа категроија да преовлада со вас.

Следната категорија и најважна кога станува збор за вашиот бизнис е вашето продуктивно работно време во кое ги изведувате задачите испланирани во административното време. Оваа време е време кое додава, односно кое има потенцијал да додаде вредност за вашата компанија. Во оваа категорија не влегува пиење кафе, ручек, пауза, барање на некој документ или состноци од неколку часа. Овие активност лесно се класифицираат во некоја од следните групи на вашето дневно време. Тука влегува времето кое го трошите на изведување на самите работни задачи, односно време откога ќе го најдете документот на вашиот компјутер, откако ќе го отворите и откако ќе започнете со пишување на тој документ.
Потоа ќе имате и време за социјализација кое едноставно ќе придонесе и за опуштање и за реенергизирање, но и за градење на врски, мрежи и потенцијални партнерства. Пиење на кафе, разговор со колеги, потенцијални купувачи или пак комуникација преку социјални медиуми е времето кое ви поминува во оваа категорија.
И на крај ќе имате загубено време, односно време кое го поминувате на состанок од неколку часа кој може да се заврши за дваесетина минути, или пак време на гледање на омилената серија, или пак време од неколкучасовно читкање по интернет итн. Оваа време морате да го елиминирате, или пак одржувате на минимум. Значи, кога станува збор за перфекционизам, оваа е времето на кое треба да се насочите и да се обидете да го елиминирате.

Целта на една ваква анализа и категоризација на вашето време е да се обидете да работите попаметно, наместо подолго и да направите оптимизација на итноста и важноста на вашите обрски во текот на денот со цел балансирано живеење по кое сите копнееме.