Мобингот е модерна верзија на насилство која е навистина застапена во нашето општество и се повеќе се случува во приватниот сектор.
Според литературата постојат фази на откривање на мобингот и истите решивме да ги претставиме за да го олесниме разоткривањето на оваа појава за побрз период и избегнување на последните фази кои може да донесат трајни трауматски пореметувања кај вработениот.

Прва фаза
Не ви даваат да работите, ве изолираат и престануваат да ве дружат во паузите – знак дека имаат намера да ве избркаат од работното место, било заради тоа што сметаат дека сте вишок, било што ви завидуваат и се чувствуваат загрозени заради вашата способност.
Од оваа фаза можете многу лесно да се извлечете, веднаш расчистете и едноставно прашајте го шефот за што се работи и „покажете заби”. Од одговорот можете да сфатите дали се работи само за нормален проблем на работа кој треба да се реши, или сте навистина жртва на мобинг.
Втора фаза
Обично мобингот трае подолго време и жртвата не забележува, туку се прашува дали работи добро, дека не се труди доволно, дека греши во работењето, дека не може да се приспособи, се чувствува помалку вредна на работа, го губи угледот и правото на глас.
Трета фаза
Жртвата е дежурен виновник за сите пропусти и неуспеси на тимот со кој соработува, се обвинува дека ја попречува работата

Четврта фаза
Се бори за опстанок на работата, се труди да ги изврши сите доверени работи, иако жртвата е свесна дека преобемните работи и со неразумни рокови се со намера.
Петта фаза
Жртвата целосно е исклучена од работниот процес, се разболува, паѓа во депресија, бара помош од психијатар, ја напушта работата, па дури и се обидува да си го одземе животот.
Дали се пронајдовте во некоја од фазите и како тие влијаат на вашето работење? Доколку почувствувавте нешто слично на вашето работно место, време е да поразговарате за вашето место и вашето здравје и да го решите овој проблем кој не ретко се занемарува од вработените.