Дали понекогаш чувствувате дека сте си поставиле премногу цели и дека сте преокупирани со вашата работа?
Да, премногу цели за постигнување, понекогаш, ако не и секогаш, ќе биде многу полошо отколку воопшто да се нема цел.
Зошто? Затоа што е подобро ништо да не преземаме отколку да се загубиме во џунглата на активности кои треба, а не можеме да ги спроведеме за да ги постигнеме поставените цели.

Пред да си дадете премногу задачи, прочитајте што прават премногу цели во ист момент.
1. Премногу цели создаваат конфузија – збунетост.
2. Премногу цели го отежнуваат процесот на приoритизација.
3. Целите бараат промени, а премногу цели ќе бараат премногу промени, што значи и премногу проблеми за вас и вашиот бизнис.
4. Премногу цели, бараат премногу активности, премногу активности бара премногу време, а имаме само 24 часа дневно, седум дена во неделата.
5. Премногу цели доведуваат до излегување од рамката на вршење на една работа во моментот.
6. Премногу цели доведуваат до дефокусираност.
7. Премногу цели доведуваат до нервоза кога ќе се појават „тесните грла” за нивното постигнување.
8. Премногу цели доведуваат до разочарување кога ќе се сфати дека ниедна од тие цели не се постигнува.
9. Премногу цели едноставно го рушат системот на поставување и користење на цели заради обезбедување на успех во вашиот бизнис.
10. Премногу цели создаваат непродуктивност во вашиот бизнис.
Понекогаш е добро да се направи план за целите кои треба да ги остварите во една недела однапред, за да имате преглед на се она што го планирате.
Наредниот пат кога ќе добиете идеја и истата треба да ја ставите во функција, размислете и за тоа колку други активности имате во истиот период за да може сите да бидат завршени на најдобар начин.