Доколку имаш креативен пристап, одлично чувство за движење, визуелно раскажување приказни и сакаш да создаваш динамична видео содржина, те покануваме да станеш дел од нашиот тим како Видео Аниматор.
Работни обврски
- Креирање на 2D и/или motion graphics анимации.
- Изработка на анимирани видеа за дигитални маркетинг кампањи и социјални мрежи.
- Анимирање на текст, логоа, илустрации и графички елементи.
- Монтажа и обработка на видео материјали.
- Соработка со маркетинг и дизајн тимот за развој на креативни концепти.
- Следење на најновите трендови во видео продукција и дигитална анимација.
Потребни квалификации
- Искуство со Adobe After Effects.
- Познавање на Adobe Premiere Pro.
- Основно или напредно познавање на Adobe Photoshop и Illustrator.
- Искуство во креирање анимации за социјални мрежи ќе се смета за предност.
- Креативност, внимание на детали и способност за почитување рокови.
- Способност за самостојна работа, како и работа во тим.
Нудиме
- Работа во динамична и креативна средина.
- Можност за професионален развој и усовршување.
- Работа на разновидни и интересни проекти.
Доколку сметаш дека си вистинскиот кандидат, аплицирај со твоето CV и портфолио со досегашни проекти на [најави се за да го видиш е-маилот]