Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Самостоен референт за интеркултурни односи и соработка со заедници, Одделение за правни и општи работи, Сектор за правни и општи работи и јавни дејности

Советник инспектор - Општински инспектор за патен сообраќај, Одделение за инспекциски работи - Инспекторат

Помлад референт - сметководител, Одделение за административни, општи и правни работи

Помлад соработник за административно - оперативна и техничка поддршка и изработка на решенија за спроведени инспекциски надзори од областа на работните односи - Тетово, Одделение за инспекциски надзор во областа на работните односи - Регион VI, Сектор за инспекциски надзор во областа на работните односи, Државен инспекторат за труд

Помошник раководител на сектор за спроведување на постапка за склучување договори за доделување на финансиска поддршка на инвестициите

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Од машински инженер до креатор на уникатни дрвени производи: Приказната на Бобан Николоски

Почнал со дрвени играчки за својата ќерка, а денес создава уникатни производи од дрво

Кој е Бобан Николоски кога не зборуваме за Дрво декор? Како би се опишал себеси и што те исполнува надвор од работата?

Дипломиран машински инженер со 15 години искуство во областа на производството на високопрецизни машински делови. Татко на 8-годишно девојче и главен приоритет ми е времето поминато со неа.

Како се роди идејата за Дрво декор? Дали од самиот почеток имаше визија за сопствен бизнис или сè започна како хоби, од љубов кон креативната работа?

Откако се роди ќерка ми, веднаш почнав да изработувам со рачен алат дрвени играчки, кои се познати по тоа што немаат хемикалии во нив, како и формалдехид итн. Во првите 5 минути од изработката се заљубив во дрвото и играчките и во тој момент знаев дека сам ќе направам високопрецизна индустриска машина која што ќе ја радува не само ќерка ми туку и останатите деца со дрвени играчки.

Се сеќаваш ли на првата изработка што ја направи и моментот кога сфати дека од ова може да произлезе нешто повеќе од хоби?

Дефинитивно се сеќавам не само на тој момент туку и на сите кои се однесуваат на изработката на кој било дел што е поврзан со Дрво декор. Причината е самата изработка, бидејќи е невозможна без големо внимание, посветеност и пред сè љубов кон работата. Препознатливоста и вниманието дефинитивно ме натераа да размислам за нешто повеќе од хоби.

Што беше најголемиот предизвик кога одлучи да ја претвориш својата идеја во сопствен бизнис?

Дефинитивно пронаоѓањето на материјал за изработка на длабоко резбани дрвени даски за послужување храна. Истиот сакав да биде изработен од едно парче, а со тоа да добиеме сад кој не е изработен од повеќе парчиња. Повеќе парчиња значат поголема стабилност, но за спојување треба лепак, а самиот лепак е формалдехид кој претставува потенцијална опасност по здравјето. Мојата потрага заврши со пронаоѓање висококвалитетно дрво кое е термички обработено за стабилизација и стерилизација. Конечниот производ е стабилно дрво, исто како и лепеното, но изработено од едно парче, со длабочина на резба од преку 30 мм и крајна дебелина од 45 мм, со должина до 500 мм, на кое може да се видат сите текстури на природното дрво, кое е обработено и рачно исполирано со длабоко внимание до совршенство.

Што сè може да се изработи преку Дрво декор и како изгледа процесот од првичната идеја до готовиот производ?

Првите 5 години буквално ниту еден проект не беше одбиен. Со текот на годините, главен фокус ни е изработката на уникатни и единствени по дизајн висококвалитетни резбани даски за сервирање храна. Но тука се и останатите проекти, како дрвени реклами. Самиот процес започнува со потврда на дизајнот што го изработуваме по барање на клиентите, потоа следуваат одбирање квалитетно масивно дрво, 3Д-моделирање, CAM-програмирање, избор на технологија и алати за изработка. Потоа следува рачната доработка, која многу често одзема неколкупати повеќе време од машинската, затоа што главен фокус е полирањето на самото дрво, кое му дава природен изглед со сите негови убавини. На крај следува заштитата, која може да биде исклучиво за прехрана или за надворешни услови, при што изборот е направен со големо искуство и внимание.

Кој проект досега ти претставувал најголем предизвик, а на кој си особено горд? Што го прави посебен за тебе?

Не би можел да издвојам нешто на кое сум посебно горд. Сите дела се направени пред сè со љубов, внимание и посветена работа.

Колку е тешко да се изгради препознатливост за сопствен бизнис денес и каква улога имаат социјалните мрежи во претставувањето на твојата работа?

Јас би рекол дека е полесно доколку се ограничиме на нашата замисла. Нашата замисла секогаш е различна од другите. Дури и истата може да делува различно во различен дел од денот (се шегувам). Оригиналноста води до препознатливост и, секако, решавање на секојдневните предизвици. Секако, тука се социјалните мрежи, кои помагаат на голема врата да стигнеме до останатите кои се поклопуваат со нашата визија и замисла.

Што научи за себе откако започна со Дрво декор и кој е најважниот предизвик што те направил поискусен во оваа приказна?

Дефинитивно дека не треба да се откажуваме од нашата замисла и дека кога на идејата што си ја имаш сите околу тебе се противат, тоа значи дека никој не може да ја замисли твојата идеја, а камоли да ја реализира. Во однос на бизнисот, веднаш од старт препознаваш дека влегуваш во пазар со ниска конкуренција. Поискусен и порадосен ме прави секој момент поминат во просторот и приказната што сам си ги имам креирано и сам ги водам.

Каде ја гледаш приказната на Дрво декор во следните неколку години и кој совет би им го дал на луѓето што имаат креативна идеја, но сè уште се двоумат дали да започнат сопствен бизнис?

Приказната ја гледам како расте со ќерка ми. Ме радува што понекогаш, иако има 8 години, не можам да ја натерам да излезе од работилницата. На сите останати би им препорачал воопшто да не се двоумат и да го следат доброто чувство во стомакот, не само за бизнисот туку и за сè останато во секојдневието и животот.

Тагови: креативност Бобан Николоски дрвени даски Дрво декор

Најнови огласи за работа во Струга!

Погледнете ги сите отворени работни позиции во Струга!

Дали бараш нова работна можност во Струга? Без разлика дали си искусен професионалец или штотуку започнуваш со својата кариера, KARIERA.mk ти овозможува брзо и лесно да ја најдеш идеалната работа за тебе!

Работни позиции достапни во Струга, во моментов има различни можности за вработување, како што се:

Асистент на продажба - Струга
Мајстори – оператори на дупчачки гарнитури
Фармацевт со лиценца - Струга
Фармацевтски техничар со уверение - Струга
Оператор во производство - Струга
Работник во производство - Струга
Касиери/ки - Струга

Не чекај! Секој ден се објавуваат нови огласи, затоа следи ги редовно и аплицирај веднаш за да си обезбедиш работна позиција што одговара на твоите вештини и интереси.

Посети ја KARIERA.mk и започни ја твојата кариера во Струга денес!

Прочитајте и за: Најнови огласи за работа во Куманово!

Кои предмети не треба да се ставаат во машина за миење садови?

Како правилно да ја користите машината за миење садови и да го зачувате кујнскиот прибор

Машината за миење садови ни заштедува време и труд, но не секој кујнски предмет е погоден за перење на висока температура. Топлината, влагата и силните детергенти можат да оштетат одредени материјали, да го скратат нивниот век на траење или да им го променат изгледот.

Овие предмети најдобро е да ги миете рачно:

  • Дрвени даски и прибор – топлината и влагата можат да предизвикаат пукање, искривување и оштетување на дрвото.
  • Ножеви со остри сечила – детергентите и високата температура можат да го оштетат сечилото, а триењето со други предмети може да ја намали неговата острина.
  • Тави и тенџериња од леано железо – може да ја изгубат заштитната површина и да почнат да 'рѓосуваат.
  • Кристални и деликатни стаклени чаши – постои ризик од заматување, гребнатини или кршење.
  • Бакарни и месингани садови – може да ја променат бојата и да го изгубат сјајот.
  • Пластични садови што не се означени како безбедни за машина – високата температура може да ги деформира, особено ако се поставени во долната корпа.
  • Термоси и шишиња со вакуумска изолација – машинското перење може да ја оштети изолацијата или нивните заптивки, зависно од моделот.
  • Садови со дрвени рачки или залепени делови – топлината и влагата можат да го ослабат лепилото и да ги оштетат споевите.

Пред да ставите некој предмет во машината, проверете ги упатствата на производителот и ознаката дали е безбеден за машинско перење. Ако не сте сигурни, рачното миење е побезбедниот избор.

Не е доволно предметот да изгледа цврст за да издржи машинско перење. Повтореното изложување на висока температура и детергенти може постепено да го оштети, дури и ако првите неколку перења поминат без проблем.

Тагови: домашни апарати заштита Машината за миење садови миење