КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ ВО МАГАЦИН м/ж
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи.
ШТО НУДИМЕ?
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии.
- Фит Кит, бесплатна месечна членарина за повеќе од 300 спортски активности.
- Годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања.
- Годишно зголемување на плата врз основа на перформанси.
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
- 24/7 осигурување од незгода.
- Можности за обуки и професионален развој.
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Сноси одговорност за состојбата и точноста на залихите во магацинот за готов производ.
- Обезбедува примена на ФЕФО, ФИФО и 5С стандардите во магацинското работење.
- Ги следи и контролира движењата на готов производ, амбалажа и палети во системот.
- Врши контрола на приемот и трансферот на производи помеѓу производството и магацинот и обезбедува точна евиденција во системот.
- Контролира точност и комплетност на магацинската документација и записи.
- Следи и контролира процеси поврзани со празна амбалажа, миксирани палети и магацински операции.
- Подготвува извештаи и обезбедува усогласеност со процедурите за квалитет, безбедност и заштита при работа.
ШТО БАРАМЕ?
- Средно образование, високо образование ќе се смета за предност.
- Најмалку 2 години работно искуство во магацинско работење, логистика или управување со залихи.
- Познавање на SAP, WMS и Microsoft Excel ќе се смета за предност.
- Аналитичност, ориентираност кон детали и високо ниво на точност.
- Добри организациски и комуникациски вештини.
- Способност за работа во динамична средина и почитување на рокови.
ДОКОЛКУ СЕ ПРОНАЃАШ ВО ОПИСОТ И СИ ПОДГОТВЕН/А ЗА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ, АПЛИЦИРАЈ НАЈДОЦНА ДО 10.09.2026 Г.
Неделното работно време за позицијата е 40 работни часа организирани во смени. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.