Natusana е водечки велепродажен дистрибутер на фармацевтски производи во Република Македонија, кој нуди широк асортиман на производи за здравје, лична нега и козметика.
Водени од визијата да обезбедиме сигурни, безбедни и висококвалитетни производи кои го подобруваат квалитетот на животот и градат здрави навики кај нашите потрошувачи веќе повеќе од две децении носиме производи со врвен квалитет во секој дом и сме официјален застапник на врвните германски брендови како Lacalut, Dr. Theiss, Algga San и Pharmateiss Cosmetics.
Со постојано проширување на мрежата, како и со зголемениот обем на работа, бараме одговорен Магационер кој ќе се приклучи на тимот и ќе придонесе за непречено и уредно функционирање на магацинското работење.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Прием на стока — Проверка и евидентирање на пристигната стока, споредба со добавни документи и контрола на количини и состојба на пакување.
- Складирање и организација — Правилно сместување на производите во магацинот според утврдени стандарди, одржување на ред и чистота во просторот.
- Испорака и комисионирање — Подготовка на нарачки за продавниците, пакување и испраќање на стока со уредна документација.
- Евиденција и инвентар — Водење на магацинска евиденција, учество во периодични инвентури и пријавување на евентуални неусогласувања.
ШТО БАРАМЕ
- Завршено средно образование
- Претходно искуство во магацин — предност
- Одговорност и точност во работата
- Тимски дух и комуникативност
- Познавање на компјутерска работа
- Возачка дозвола (Б категорија) — предност
ШТО НУДИМЕ
- Конкурентна плата
- Стабилно вработување со постојан договор
- Можност за напредок и награди од успешност и постигнати резултати
- Пријатна работна атмосфера
- Обука и воведување
Сите апликации се третираат со целосна доверливост. The HeadHunter Group обезбедува еднакви можности без оглед на пол, возраст, националност, вера или кое било друго лично својство.