Зегин ДОО Скопје

ПРАВНИК

Објавенпред 21 часа
Активен до06.11.2026
ПозицијаПравник
ЛокацијаСкопје
Телефон02/3241-680
Веб-страницаzeginkariera.mk/
За компанијата

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: Правник 

Потребни квалификации:

  • Завршен Правен факултет
  • Најмалку 2 години релевантно работно искуство
  • Предност ќе имаат кандидатите со Положен правосуден испит
  • Одлично познавање на законската и подзаконската регулатива
  • Развиени аналитички способности, прецизност и висок степен на професионалност
  • Одговорност, самостојност и способност за организација и почитување на рокови
  • Одлични комуникациски и организациски вештини

Одговорности:

  • Изготвување, анализа и ревизија на договори, правни документи и останата деловна документација
  • Следење на законските прописи
  • Давање правни мислења и стручна поддршка за потребите на тековното работење
  • Анализа на измените во законската и регулаторната рамка и иницирање активности за усогласување со новите барања
  • Одржување професионална комуникација и координација со државни органи, институции, деловни соработници и надворешни правни консултанти
  • Проценка, превенција и следење на потенцијалните правни и регулаторни ризици
  • Креирање, ажурирање и имплементација на внатрешни акти, процедури и политики во согласност со важечките прописи и потребите на друштвото

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени - наградно патување
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
  • Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе