Зегин ДОО Скопје

Комерцијалист за набавка на лекови

Објавенпред 7 дена
Активен до31.10.2026
ПозицијаФармацевт/Фармацевтски техничар
ЛокацијаСкопје
Телефон02/3241-680
Веб-страницаzeginkariera.mk/
За компанијата

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЛЕКОВИ

Потребни квалификации:

  • Фармацевтско образование 
  • Работа во делот на набавка-фармација ќе се смета за предност 
  • Одлично познавање на англиски јазик 
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office 
  • Прецизно и точно управување со информации, податоци, документи 
  • Одлични комуникациски вештини 
  • Способност за ефикасно работење во динамична атмосфера 
  • Високо развиени аналитични способности 
  • Возачка дозвола Б категорија

Одговорности:

  • Активно следење на пазарот и трендовите во каналите на дистрибуција
  • Креирање и евалуација на развојните стратегии на производите во синергија со движењето на пазарот 
  • Преговарање и одржување на квалитетни односи со добавувачите
  • Набавка на оптимална количина на производи по најдобри цени во најкраток рок 
  • Координација  на активности во процесот на набавка на производи за понатамошна продажба 
  • Управување со залихите, правовремено реагирање на потенцијалните проблематични залихи 
  • Реализација на плановите за продажба на производи 
  • Пласман на производите на пазарот во соработка со Дирекција за Маркетинг и Дирекција за Широка потрошувачка (ценовник, веб, портал…) 
  • Планирање и организација на промотивно – продажни акции 
  • Изготвување на извештаи и репортирање до сите релевантни страни во процесот 

 Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени - наградно патување
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
  • Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)

Работа во делот на набавка-фармација ќе се смета за предност!

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе