Сакаш да „чепкаш“ системи и да гледаш како на клиентите им се олеснува работата? Биди Digisfera Консултант и имплементатор.
Ти си човекот кој од идеја и процес прави конкретно решение во систем. Ако си некој што сака да конфигурира, тестира и да гледа резултат – ова е за тебе.
Твои задачи:
- Да ја конфигурираш Digisfera: архиви, index полиња, шаблони, workflows.
- Да моделираш процеси: од прием на документ, преку одобрување, до архивирање.
- Да работиш на интеграции – e mail, скенери, AD, ERP, други апликации.
- Да обучуваш корисници и да помагаш во првите денови после имплементација.
Што очекуваме:
- Искуство со конфигурација/имплементација на деловни апликации (ERP, CRM, DMS…).
- Разбирање на основни ИТ концепти (сервер, база, кориснички права) и љубопитност за учење.
- Подготвеност да „влезеш во кожа“ на корисник и да ја поедноставиш работата.
- Детално познавање на секој производ на Digisfera посебно.
Што нудиме:
- Работа на сериозни Digisfera имплементации, не само ситни „подесувања“.
- Обука, сертификација и менторство.
- Плата и бонус модел што ја наградува квалитетната испорака и сертификати
Ако сакаш од процес да направиш функционално решение и да гледаш конкретен резултат од својата работа – ова е вистинската улога за тебе.