Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје

Business product owner

Објавенпред 4 дена
Активен до03.11.2026
ПозицијаАналитичар
ЛокацијаСкопје
Телефон13700
Веб-страницаwww.tigo.mk
За компанијата

Тиго Фајнанс ДОО е една од водечките компании во индустријата на финансиски услуги во Македонија, посветена на обезбедување на едноставни и одговорни финансиски решенија за своите клиенти. Нашата мисија... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата

BUSINESS PRODUCT OWNER

Биди дел од тимот што ја креира иднината на финансиските производи!

Во ТИГО бараме аналитична, проактивна и иновативна личност која ќе преземе активна улога во развојот, оптимизацијата и унапредувањето на нашето портфолио на кредитни производи.

Ако ги разбираш финансиските производи, знаеш како да ги претвориш податоците во конкретни деловни одлуки и имаш иницијатива за нови решенија – сакаме да те запознаеме!

Твои главни одговорности

  • Управување и континуирано унапредување на постојните кредитни производи.
  • Иницирање и развој на нови кредитни производи, понуди и функционалности, согласно потребите на клиентите и пазарните трендови.
  • Анализа на продажните резултати, профитабилноста и перформансите на кредитните производи
  • Подготовка на напредни Excel анализи, финансиски пресметки, симулации и извештаи.
  • Следење и анализа на конкурентските производи, ценовни политики и пазарни можности.
  • Предлагање промени во продуктните услови, ценовните модели и процесите со цел подобрување на конкурентноста и деловните резултати.
  • Дефинирање на бизнис-барања за нови производи и системски подобрувања, во соработка со ERP тимовите.
  • Координација со Sales, Marketing, Risk и други сектори при развој и имплементација на продуктни иницијативи.
  • Следење на резултатите по лансирање на нови производи и предлагање понатамошни подобрувања.

Што очекуваме од тебе?

  • Напредно познавање на Microsoft Excel – задолжително,
  • Добро познавање на кредитни производи, нивната структура, трошоци, каматни стапки и услови.
  • Искуство во банкарскиот или небанкарскиот финансиски сектор.
  • Силни аналитички способности и разбирање на деловните показатели.
  • Иницијативност, креативност и способност за препознавање нови продуктни и пазарни можности.
  • Самостојност во работата, преземање одговорност и ориентираност кон резултати.
  • Одлични комуникациски и организациски способности.
  • Познавање на англиски јазик.
  • Предност ќе имаат кандидатите со искуство во развој или управување со кредитни производи, финансиско моделирање, продуктна аналитика и оптимизација на деловни процеси.

Што нудиме?

  • Дополнителни денови за годишен одмор за лојални вработени;
  • Флексибилно работно време понеделник до петок 08/09-16/17 часот;
  • Современа и најнова технологија;
  • Атрактивен пакет на бонуси;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Дел од пензиска шема во трет пензиски столб;
  • Слободен ден за прваче;
  • Слободен ден за роденден;
  • Можност за напредување;
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија;
  • Професионален развој и можност за реално влијание врз деловните резултати;
  • Динамична работна средина со простор за креативност и иницијатива;
  • Можност за работа на големи интегрирани маркетинг кампањи;
  • Директно учество во развојот и позиционирањето на препознатлив бренд.

Подготвен/а си да направиш разлика?

Придружи се на TIGO тимот. TIGO знае како!

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО ФАЈНАНС ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО ФАЈНАНС ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС

Други активни огласи од Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе