ПРОДАВАЧ – ПРОДАЖБА (КУМАНОВО)
За компанијата
„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година.
Лоцирани сме во Куманово и Скопје, а поради успешното работење и зголемениот обем на продажба, нашиот тим континуирано расте. Нашата визија е да ги задоволиме потребите на сите купувачи, вклучително и оние со специфични барања.
Постојано инвестираме во развојот на нашите продажни капацитети со цел да обезбедиме пријатно и квалитетно искуство за нашите ценети купувачи. Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и квалитетот на производите кои ги нудиме.
Нашите вработени се движечката сила на компанијата и затоа континуирано вложуваме во развојот на човечките ресурси.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач.
Вработуваме:
Продавач – Продажба во Куманово
Вашите работни задачи ќе вклучуваат:
- Активна комуникација и професионален однос со купувачите;
- Презентација и продажба на производите;
- Запознавање на купувачите со карактеристиките и предностите на производите;
- Советување на купувачите и предлагање соодветни производи согласно нивните потреби;
- Следење и остварување на поставените продажни таргети;
- Грижа за изложеноста, уредноста и правилното означување на производите;
- Следење на залихата и учество во попис на стоки;
- Грижа за уредноста и изгледот на продажниот простор.
Доколку сте:
- Комуникативни, љубезни и услужливи;
- Амбициозни и мотивирани за продажба;
- Енергични и посветени во работењето;
- Внимателни и одговорни во извршувањето на работните задачи;
- Подготвени за учење и континуирано усовршување;
- Позитивни и тимски ориентирани;
- Насочени кон потребите и задоволството на купувачите;
тогаш Вие сте вистинскиот кандидат кој го бараме!
Што ви нудиме:
- Редовни месечни примања;
- Професионален и пријатен работен амбиент;
- Регрес за годишен одмор;
- Минат труд;
- Бонус за препорачан пријател;
- Воведна обука за работниот процес;
- Редовни обуки согласно стандардот ISO 9001:2015;
- Можност за професионален и кариерен развој;
- Бонусна програма за остварени месечни таргети.
Вашето CV доставете го со назнака „Продавач – Продажба (Куманово)“.
Сите кандидати ќе бидат исконтактирани, а сите апликации се третираат со доверливост.
Можете да не исконтактирате и на телефонските броеви 076/448-505 и 075/234-732 (од пон-петок во период од 08:30 до 16:30).