АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР

Администратор за приемно одделение (канцелариска работа) Куманово

Објавенпред една недела
Активен до24.10.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаКуманово
Веб-страницаhttps://www.alfi.mk/
За компанијата

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

 „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година.

Со своето долгогодишно искуство, посветеност и континуиран развој, денес успешно работиме на локации во Куманово и Скопје. Благодарение на успешното работење и зголемениот обем на продажба, нашиот тим континуирано расте.

Нашата визија е да ги препознаеме и задоволиме потребите на сите наши купувачи, вклучително и оние со специфични барања. Постојано инвестираме во развојот и унапредувањето на нашите продажни капацитети, со цел да обезбедиме пријатно и квалитетно искуство за нашите ценети купувачи.

Нашата препознатливост се темели на добрата услуга, квалитетот на производите и професионалниот однос кон купувачите.

Веруваме дека нашите вработени се движечка сила на компанијата. Затоа континуирано вложуваме во развојот на човечките ресурси и создаваме работна средина во која се ценат одговорноста, посветеноста, тимската работа и професионалниот однос.

Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач.

Имаме потреба од вработување на лице за канцелариска работната позиција Администратор во приемно одделение со или без работно искуство.

Работни задачи и одговорности:

  • Изготвување и евидентирање на приеми на стока од домашни добавувачи.
  • Изготвување и обработка на девизни приеми.
  • Отворање и креирање нови шифри на производи.
  • Импортирање на нови шифри на производи во Excel табели.
  • Импортирање и ажурирање на цени во шифрарникот во програмата CFMA.
  • Проверка, средување и архивирање на документацијата од приемните одделенија.
  • Проверка, средување и архивирање на документацијата поврзана со девизните приеми.
  • Изготвување записници за документи.
  • Изготвување записници за цени.
  • Проверка на точноста и усогласеноста на податоците и документацијата.
  • Уредно водење и ажурирање на административната евиденција.
  • Изготвување дневен извештај за реализираните работни задачи.
  • Извршување други административни и канцелариски задачи поврзани со работниот процес.

Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено средно или високо образование.
  • Познавање на работа со компјутер, особено MS Excel.
  • Способност за работа со табели, внесување и обработка на податоци.
  • Прецизност, одговорност и организираност во работењето.
  • Способност за планирање и навремено извршување на работните задачи.
  • Посветеност, доверливост и внимание при работа со документација.
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Нудиме:

  • Можност за вработување во стабилна компанија со долгогодишно искуство.
  • Организирана работна средина.
  • Можност за професионален развој и унапредување на работните вештини.

Доколку сте организирана, одговорна и прецизна личност која сака административна и канцелариска работа, Ве покануваме да аплицирате за оваа работна позиција.

Вашето резиме (CV) доставете ни го на [најави се за да го видиш е-маилот] со ознака „Администратор за приемно одделение“

Можете да нè контактирате и на телефонскиот број 076/448-505 и 075/234-732 (од понеделник до петок во период од 08:30 до 16:30)

Сите кандидати ќе бидат исконтактирани.

Сите апликации се третираат со доверливост.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе