За потребите на аптеката во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“– Скопје, и во функција на непречено одвивање на работниот процес, се објавува оглас за следното работно место: Фармацевтски техничар
Потребни квалификации:
- ССС фармацевтски техничар со положен стручен испит
- Одлично познавање на македонски и пожелно познавање на англиски јазик.
- Одлично познавање на MS Office програмот
Други карактеристики и вештини:
- Висок степен на лична организираност
- Способност за менаџирање со време и одредување на приоритети
- Способност за тимска работа
- Развиени интерперсонални вештини
- Способност за работа во динамична средина
- Висока флексибилност и адаптибилност.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените услови можат да достават своја биографија (CV) преку полето за аплицирање.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.