Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.
Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила.
Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од работници на позицијата:
KРОЈАЧ НА ШЕМИ
Опис на работно место:
- Рачно кроење на навлаките на делови од сенодиштето и единечните делови за додатоци на седиштата
- CNC кроење на навлаките од делови на седиштето и единечните делови за додатоците на седиштата
- Подготовка на шаблони за кроење со дополнителен додаток на рабовите и точките за означување на рабовите.
- Означување на материјалот (според шаблони за кроење) со најмала можна потрошувачка на материјал
Бенефити:
- Организиран транспорт;
- Приватно здравствено осигурување;
- Лична заштитна опрема;
- Топол оброк;
- Изненадувања за роденден и други подароци;
- Подарок за новороденче;
- Посветен тим со широко познавање и искуство, со иста страст за градење на бизнис од светски размери.