Pikasa Analytics

Координатор/Одговорен на возен парк

Објавенпред 9 месеци
Активен до13.02.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Телефон023212812
Веб-страницаanalytics.live
За компанијата

Pikasa is a data analytics and media intelligence company specializing in the development and implementation of tools, software, and machine learning algorithms, combined with training and consultancy... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Pikasa е компанија за анализа на податоци специјализирана за развој и имплементација на алатки, софтвер, алгоритми за машинско учење, обуки и консултации со цел да им помогне на своите партнери да го разберат медиумското опкружување и да донесуваат информирани одлуки. Со над 15 години искуство во работа со компании, организации и институции во повеќе од 30 пазари и региони, ние им помагаме на тимовите да пристапат до уникатни податоци од илјадници медиумски канали, социјални медиуми, со милиони дигитални и социјални медиумски содржини.

Во комбинација со искусен тим составен од доктори по науки за податоци, искусни медиумски експерти, дата сајентисти, аналитичари, софтверски развивачи и креативен персонал, ние развивме неколку производи за мониторинг на медиуми во реално време и технолошки капацитет за креирање на прилагодени решенија.

Успеавме да одговориме на некои од најголемите предизвици поврзани со користењето на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, идентификување на канали, модели и спроведување истражувачки задачи.

Опис на позицијата

Pikasa има потреба од Координатор / Одговорен за возен парк, кој ќе биде задолжен за целокупното управување, одржување и организација на службените возила, со цел обезбедување безбедно, економично и ефикасно користење на возниот парк.

Работни задачи и одговорности:

  • Управување и следење на состојбата на возниот парк
  • Организација и координација на сервисирање, регистрација и технички прегледи
  • Следење на потрошувачка на гориво и трошоци поврзани со возилата
  • Водење евиденција за возила, осигурувања и документација
  • Комуникација со сервиси, осигурителни компании и добавувачи
  • Контрола на користење на возилата од страна на вработените
  • Предлагање мерки за оптимизација и намалување на трошоците
  • Административна поддршка и учество во подготовка, водење и ажурирање на документација поврзана со возачите

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Основно познавање на техничка состојба на возила
  • Организираност, одговорност и прецизност
  • Добри комуникациски вештини
  • Основно познавање на работа со компјутер (MS Office)

Кандидатите можат во секое време да го повлечат своето согласување, со испраќање писмено известување на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат и на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  (со назначена позиција за која сте заинтересирани)

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

* Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта  [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе