За компанијата
„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна веќе 34 години. Лоцирани сме во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте. Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Постојано инвестираме во трговскиот капацитет со цел да ја зголемиме комфорноста на нашите ценети купувачи. Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и врвниот квалитет на производите кои ги нудиме. Нашите вработени се движечката сила и затоа се стремиме континуирано да вложуваме и инвестираме во чoвечките ресурси.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач!
Вработуваме:
Продавач/ка во сектор Домаќинство – Скопје
Вашите работни задачи ќе вклучуваат:
- Активна комуникација и професионален однос со купувачите;
- Презентација и продажба на производи од секторот Домаќинство;
- Запознавање на купувачите со карактеристиките, предностите и начинот на употреба на производите;
- Советување на купувачите и предлагање соодветни производи согласно нивните потреби;
- Следење и остварување на поставените продажни таргети;
- Грижа за изложеноста, уредноста и правилното означување на производите;
- Следење на залихата и учество во попис на стоки;
- Грижа за чистотата и уредноста на продажниот простор.
Доколку сте:
- Комуникативни, љубезни и услужливи;
- Амбициозни и мотивирани за продажба;
- Енергични и посветени во работењето;
- Внимателни и одговорни во извршувањето на работните задачи;
- Подготвени за учење и континуирано усовршување;
- Позитивни и тимски ориентирани;
- Насочени кон потребите и задоволството на купувачите;
Тогаш Вие сте вистинскиот кандидат кој го бараме!
Што ви нудиме:
- Редовни месечни примања;
- Професионален и пријатен работен амбиент;
- Регрес за годишен одмор;
- Минат труд;
- Бонус за препорачан пријател;
- Воведна обука за работниот процес;
- Редовни обуки согласно стандардот ISO 9001:2015;
- Можност за професионален и кариерен развој;
- Бонусна програма за остварени месечни таргети.
Вашето резиме (CV) доставете ни го на [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „Персонал за продажба (Скопје) “ - Можете да не исконтактирате и на телефонските броеви 076/448/505 и 075/234/732
* Сите кандидати ќе бидат исконтактирани
* Сите апликации се третираат со доверливост