HeadHunter

Асистент

Објавенпред еден месец
Активен до01.10.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаtheheadhunter.com
За компанијата

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Job Good! Life Good!

Во The HeadHunter Group веруваме дека успешните кариери и успешните бизниси започнуваат со вистинските луѓе. Со присуство на Балканот, Кипар, Грција и Соединетите Американски Држави, се специјализираме за услуги од областа на регрутација и директно пребарување на кадри, поврзувајќи го врвниот талент со амбициозните организации. 

Нашиот пристап се темели на доверба, брзина, познавање на пазарот и долгорочни односи — помагајќи им и на кандидатите и на компаниите да ги остварат своите цели.

За наш клиент, компанија од областа на градежништвото, фокусирана на развој и продажба на квалитетни станбени единици бараме мотивиран и организиран асистент кој ќе биде десна рака на управителот и ќе придонесе кон успешното позиционирање на тековните проекти на пазарот.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Административна поддршка — Управување со дневната документација, распоредување на состаноци, координација на деловна кореспонденција и внатрешна комуникација.
  • Изработка на извештаи — Подготовка на редовни и специфични извештаи за управителот — продажни показатели, статус на проекти и преглед на активности.
  • Управување со социјални мрежи — Планирање, креирање и објавување на содржини на Instagram, Facebook и LinkedIn за промоција на станбени единици, со цел зголемување на видливоста и генерирање потенцијални купувачи.
  • Поддршка при продажба — Комуникација со заинтересирани клиенти, следење на барања и координација со продажниот тим за успешно затворање на трансакции.

БАРАЊА

  • Завршено средно или високо образование
  • Одлично познавање на Word, Excel и PowerPoint
  • Искуство со социјални мрежи (Instagram, Facebook)
  • Одлични комуникациски вештини
  • Организираност, oдговорност и дискретност
  • Познавање на англиски јазик — предност
  • Претходно искуство во градежен сектор — предност

ШТО НУДИМЕ

  • Стабилно вработување со постојан договор
  • Можност за напредок
  • Динамична работна средина
  • Менторска поддршка
  • Работа со реален пазар на недвижности

Сите апликации се третираат со целосна доверливост. The HeadHunter Group обезбедува еднакви можности без оглед на пол, возраст, националност, вера или кое било друго лично својство.

Други активни огласи од HeadHunter

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе