АДМИНИСТРАТОР ЗА ФИНАНСИИ
Поради проширување на нашиот тим, бараме одговорна, организирана и прецизна личност за работа во одделот за финансии, со фокус на наплата и финансиска администрација.
Работни задачи:
- Следење на доспеани и недоспеани обврски од клиенти
- Активна комуникација со клиенти во врска со наплата на долгови
- Следење на навремено подмирување на обврските
- Евидентирање и ажурирање на наплатите во систем
- Следење и евиденција на платежни картички
- Контрола и усогласување на плаќања
- Изработка, евиденција и испраќање на фактури
- Следење на отворени ставки и ненаплатени побарувања
- Подготовка на извештаи поврзани со наплата и финансиското работење
- Соработка со сметководство, продажба и останати оддели
- Архивирање и уредно водење на финансиска документација
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование, предност имаат кандидати од економска/финансиска област
- Работно искуство во финансии, фактурирање, наплата или администрација ќе се смета за предност
- Одлично познавање на MS Office, особено Excel
- Прецизност и внимание на детали
- Организираност и одговорност
- Добри комуникациски и преговарачки способности
- Способност за самостојна работа и почитување рокови
- Доверливост и професионален однос кон финансиски податоци
Нудиме:
- Редовна и стабилна работа
- Конкурентна плата согласно искуството и квалификациите
- Пријатна и професионална работна средина
- Обука и воведување во работните процеси
- Можност за професионален развој и напредување
- Работа во динамичен и организиран тим
Доколку сте прецизни, одговорни и организирани, сакате работа со бројки и комуникација со клиенти, а особено внимание посветувате на навремената наплата и точноста на финансиската документација, очекуваме да ја испратите вашата биографија (CV) на е-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]