Поради зголемен обем на работа, нашата компанија со седиште во Скопје, Горно Лисиче, има потреба од нов член на тимот на позицијата:
МАГАЦИОНЕР
Доколку сте одговорна, организирана и вредна личност која бара стабилно работно место и можност за долгорочен професионален развој, Ве покануваме да станете дел од нашиот тим.
Работни обврски:
- Прием, истовар и соодветно сместување на производите во магацинот.
- Квалитативна и квантитативна проверка на примената стока.
- Подготовка на производите по нарачки, пакување и товарење за транспорт.
- Одржување на ред, чистота и уредност во магацинските простории и опрема.
- Ракување со магацинска опрема согласно работните процедури.
- Извршување на други работни задачи по насока на одговорното лице.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование (ССС).
- Работно искуство ќе се смета за предност, но не е задолжително.
- Способност за работа во тим.
- Организираност и одговорност.
- Самоиницијативност и флексибилност.
- Позитивен став, чесност и посветеност кон работата.
Ние нудиме:
- Работа во една смена (08:00 – 16:00 часот)
- Конкурентна плата со можност за зголемување по успешно завршување на пробниот период, согласно покажаните резултати и ангажман
- Стабилно работно место во успешна и растечка компанија
- Позитивна работна атмосфера и поддршка од искусен тим
- Можност за долгорочен ангажман и професионален развој
- Обука и воведување во работниот процес
Начин на аплицирање:
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: „Апликација за позиција Магационер“
Придружете ни се и станете дел од тим кој расте и се развива!