АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР

Возач / Доставувач (Б Категорија)

Објавенпред еден месец
Активен до04.10.2026
ПозицијаВозач/Управувач
ЛокацијаКуманово
Веб-страницаhttps://www.alfi.mk/
За компанијата

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Преземи го оригиналниот оглас

Оглас

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна веќе 29 години. Лоцирани сме во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте. Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Постојано инвестираме во трговскиот капацитет со цел да ја зголемиме комфорноста на нашите ценети купувачи. Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и врвниот квалитет на производите кои ги нудиме. Нашите вработени се движечката сила и затоа се стремиме континуирано да вложуваме и инвестираме во чoвечките ресурси.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач!

Поради зголемениот обем на работа имаме потреба од: Возач / Доставувач – со или без работно искуство

Доколку сте:

  • Амбициозни,
  • Возач со B категорија
  • Енергични,
  • Посветени во работењето,
  • Претпазливи и внимателни во процесот на работа,
  • Сакате да научите повеќе и континуирано да се усовршувате,
  • Позитивни и подготвени за тимска работа,

Тогаш Вие сте вистинскиот кандидат кој го бараме да ни се придружи во тимот и заедно да остваруваме успеси!

Обезбедуваме:

  • Редовни месечни примања
  • Професионален амбиент
  • Регрес за годишен одмор 
  • Минат труд 
  • Бонус за препорачан пријател
  • Обука за воведување во работен процес
  • Редовни обуки согласно стандардот ISO 9001:2015
  • Можност за кариерен развој 

Вашето резиме (CV) доставете ни го на [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „Возач / Доставувач (B Категорија)“

  • Можете да не исконтактирате и на телефонските броеви 075/234-732 и 076/448-505
  • (од пон-петок во период од 08:30 до 16:30)
  • Сите кандидати ќе бидат исконтактирани
  • Сите апликации се третираат со доверливост

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе