Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува над 60 продажни места, во Република Словенија 2 продажни места додекa во Северна Македонија 4 продажни места. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2100 работници од разни профили и подрачја на стручност.
ПРОДАЖЕН ПРЕТСТАВНИК ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ
Број на работни места: 2
Локација: Скопје, Godi Retail Park Mall
Твоите работни обврски вклучуваат:
- Комуникација со потрошувачи;
- Испитување на потребите на потрошувачите (стилски, естетски, функционални);
- Презентирање на производите и продажно советување;
- Давање решение за потрошувачот и креирање на понуда;
- Испитување на задоволството на потрошувачот;
Твојот профил треба да биде:
Нудиме:
-
Стабилна плата + бонуси во однос на остварени резултати
-
Обука и поддршка – брзо те воведуваме на работната позиција
-
Можност за унапредување
-
Одлична работна атмосфера во динамичен тим
-
Работа со квалитетен и модерен мебел
Бенефити за вработени:
- Погодности за купување на мебел
- Платена континуирана едукација и усовршување
- Систем на стимулирање и наградување на успешните вработени
- Јубилејни награди
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за опремување на домот со фокус на желбите и потребите на потрошувачите можете да се пријавите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Продажен претставник за внатрешно уредување во Скопје.