HeadHunter

Аналитички асистент

Објавенпред 2 недели
Активен до21.10.2026
ПозицијаАналитичар
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаtheheadhunter.com
За компанијата

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group е иновативна компанија за регрутација и селекција на кадар, присутна во Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Кипар, Бугарија, Канада и САД.

За потребите на наш клиент – реномирана финансиска компанија со стабилен раст и развој на македонскиот пазар, во потрага сме по мотивиран и аналитички ориентиран кандидат за позицијата:

АНАЛИТИЧКИ АСИСТЕНТ

Локација: Скопје

Како Аналитички асистент, ќе бидете вклучени во подготовка и анализа на деловни податоци, следење на резултатите и перформансите на компанијата и креирање извештаи кои ќе придонесуваат за подобро деловно одлучување и развој на производите и услугите.

Оваа позиција е одлична можност за кандидат кој има изразени аналитички и логички способности, сака да работи со податоци и бројки и има желба да се развива во динамична деловна средина.

Главни работни задачи и одговорности:

  • Изработка на дневни, неделни, месечни, квартални, годишни и ад хок извештаи и анализи;
  • Следење и анализа на деловните резултати и перформанси;
  • Контрола, проверка и тестирање на точноста на податоците и извештаите;
  • Креирање нови и унапредување на постојните извештаи и аналитички пристапи за подобро следење на резултатите, перформансите и процесите;
  • Подготовка и презентација на извештаи, анализи и релевантни заклучоци;
  • Внесување, ажурирање и корекција на податоци во ERP систем;
  • Соработка и комуникација со различни сектори во компанијата за собирање, обработка и анализа на податоци;
  • Комуникација и презентирање на подготвените анализи и извештаи пред релевантните соработници.

Потребни квалификации:

  • Високо образование ќе се смета за предност, но не е задолжително;
  • Претходно работно искуство на слична или аналитичка позиција ќе се смета за предност;
  • Познавање на MS Office пакетот, со посебен фокус на Excel и PowerPoint;
  • Основно познавање на економска и финансиска терминологија и деловни процеси;
  • Развиени аналитички и логички способности;
  • Добри организациски способности и внимание кон детали;
  • Добри комуникациски и презентациски вештини;
  • Одговорност, иницијативност и желба за учење и професионален развој.

Нашиот клиент нуди:

  • Динамична и пријатна работна средина;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Можности за континуиран професионален и кариерен развој;
  • Внатрешни и надворешни обуки, конференции и други активности за професионално усовршување;
  • Работа во стабилна компанија со континуиран раст;
  • Поддржувачка средина и тим на професионалци кој ги вреднува интегритетот, тимската работа и отворената комуникација;
  • Дополнителни бенефиции за вработените и нивните семејства;
  • Тим билдинг активности и настани насочени кон развивање на тимскиот дух;
  • Учество во општествено одговорни активности.

Доколку сте аналитична, организирана и мотивирана личност која сака да се развива во финансискиот сектор, Ве охрабруваме да аплицирате.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Други активни огласи од HeadHunter

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе