МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и изворска вода, освежителни безалкохолни пијалаци и алкохолни пијалаци.
Нашиот успешен тим има потреба од нов член за следната работна позиција:
Магационер-одговорен на смена во магационот во Скопје
Кандидатот ќе биде одговорен за:
- Организирање и следење на процесот на складирање на готовиот производ согласно утврдените процедури.
- Координација и распределба на работните задачи на вработените во смената во магацинот.
- Подготовка, евидентирање и ажурирање на потребната магацинска и административна документација.
- Подготовка и координација на планот за испорака на готов производ од магацинот.
- Обезбедување логистичка поддршка на секторите за продажба и дистрибуција.
- Следење на залихите, приемот и издавањето на готовиот производ и усогласување на магацинската евиденција со фактичката состојба.
Барања за позицијата:
- Средно образование
- Задолжително искуство со работа на компјутер
- Возачка дозвола од Б категорија
- Одговорност, комуникативност и способност за работа во тим
- Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
Компанијата нуди:
- Стимулативен финансиски пакет
- Дополнителни бонуси
- Динамична и професионална работна средина
- Тимска атмосфера
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 23.09.2026 или јавете се на контакт бројот 02 3228458 секој работен ден (од понеделник до петок) од 8 до 16 часот.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.